Општина Гостивар ќе вработи 44 лица

Општина Гостивар наскоро ќе објави конкурси за вработување на пожарникари, административци и друг персонал за да ја подобри ефикасноста. Новите вработувања иако беа најавувани, не поминуваа на одобрување од општинскиот совет. Со промената на мнозинството, градоначалникот Арбен Тараври очекува да се реализира и програмата за вработувања.

– Претходното мнозинство во советот две години не ја гласаше програмата за вработувања и го блокираше донесувањето на буџетот и сите бевме сведоци. Зошто тоа го правеа не знам и треба нив да ги прашате. По малку е парадоксално што изминативе две години немам поптишано ниту едно решение за вработување иако најмалку десет лица си заминале во пензија или дале откази. На нивни места не се примени нови. Ќе се трудиме да го испочитуваме принципот за вработување на стручни кадри, а не по партиски клуч. Работа ќе добијат тие што навистина ја заслужуваат според нивните квалитети, изјави градоначалникот Таравари.

Според него, во новата програма превидени се 44 вработувања и како што потенцира ќе се внимава на застапеност на сите етнички заедници.

Донесувањето на буџетот во повеќе наврати беше проблематизрано во советот на општината, а тогашното мнозинство предводено од ДУИ и СДСМ не даваше „зелено светло“ наоѓаше забалешки токму во делот за финсирање на нови вработвања. Со неодамнешното менување на силите во советот, мнозинството сега е на страната на градоначалникот. На последната седница беа сменети и назначени нови членови на речиси сите управни одбори.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *