– Во новиот ургентен центар доаѓаат ургентните хируршки состојби, трауми, акутни страданија што се во домен на хирургијата .Овде доаѓаат и други ургенти состојби дали станува збор за акутни миокардни инфаркти , дали за ургентни состојби кај децата, се она што е итно, а што не можело да биде згрижено кај матичен лекар. Опремана е мини болница што ќе понуди соодветни услови за пациентите, изјави директорката Снежана Захариева.
Во стариот ургентен центар има доволен број лекари, а дел од нив ќе заминат и на специјализација.
Од денеска во болницата функционира и нов наплатен паркинг центар со два влеза. Целта е да се намали метежот што се создаваше на влезот и излезот од болницата.
– Ова е фреквентна болница во која доаѓаат итни случаи не само од Куманово, туку од целиот Североисточен регион. Сега имаме два влеза, едниот за влез на службени возила, а другиот за возила на пациентите кои доаѓаат во нашата болница. Излезот е на друга страна, појасни Захариева.
This was both informative and hilarious! For more details, click here: LEARN MORE. What’s your take?