Се гради инфраструктурата во новата штипска населба Сончев град

Во Штип деновиве интензивно се работи на инфраструктурата во новата населба Сончев град.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска беше на увид во градежните работи, каде што откако се постави нова водоводна и канализациска мрежа, сега се поставува инсталација за улично осветлување, улиците се тампонирани и се поставуваат ивичњаците.

 –Веќе се поставува инсталацијата за уличното осветлување од страна на ЕВН, така што овде веќе работат повеќе градежни оперативи, улиците се веќе тампонирани. Очекувам утре да биде завршено поставувањето на каблите за уличното осветлување со што ќе се постават и останатите рабници и ивичњаци од другата страна на улицата со што ќе се создадат сите услови во текот на наредните десетина дена да се влезе во фаза на асфалтирање , рече Бочварски.

Тој истакна дека ова е една од поголемите инвестиции на општината, а како што рече, сите плацеви за изградба на индивидуални куќе се продадени од претходната власт, а средствата ги потрошила за други намени. Забележува дека со инвестициите на локалната власт, населбата Сончев град ќе биде квалитетна за животот на граѓаните кои овде веќе купиле плацеви за изградба на индивидуални куќи .

Денеска заврши тендерската постапка за поставување на улично осветлување овде, со сума од два милиони и 150 илјади денари. Заедно со улиците кои што се 9,3 милиони и водоводот и канализацијата од 2,5 милиони денари доаѓаме до некоја сума од 14 милиони денари, рече Бочварски.

Населбата Сончев град е лоцирана во близина на населбите Дузлак и Баби. Располага со 5.000 метри квадратни вкупна површина од нови улици и стотина продадени плацеви за градба на куќи. Сончев град ќе биде една од најсовремените градски населби во Штип.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *