До крајот на годината се очекува да се заврши со законските процедури и да овозможи да се отворат новите информативни канцеларии на Центрите за социјална работа и во руралните места и општини, информира министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање до каде отворањето на канцелариите. Сега, додаде таа, се чекаат овластувањата на Министерството за финансии за вработувања.
-Согласно реформите кои се случуваат во Министерството за труд и социјална политика (МТСП) се донесе нов Закон за социјална заштита. Законот вели дека можеме да имаме дисперзија и да имаме информативни канцеларии. Законот се донесе во јуни, имавме повеќе од девет месеци кочење на законот во Парламентот. Откако се донесе Законот сите центри за социјални работа имаат промена на систематизации и менување на коефициентите и бодовите за плата затоа што во законот имаат повисоки плати за 23 проценти и истото тоа се заврши во август. Сега сме во процедура за добивање согласности за вработување во истите тие канцеларии кои секако се опремени од страна на МТСП и очекуваме до крајот на годината тие да стартуваат, рече Царовска.
Во текот на годината, додаде Царовска, пречка за отворањето беше што измените во законот за социјална заштита беа изгласни во Собранието во јуни.
-Тоа значи дека нема доцнење, се е во рамки на законските прописи и динамиката на донесување на Законот. Ако беше донесен законот во јануари 2019 денеска ќе имавме канцеларии. Законот беше донесен во јуни 2019 и имаме динамика која ја имаме сега, потенцира министерката царовска.