Се продлабочува соработката со Светска Банка во областа на животната средина

 Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска се сретна со директорот на Светска банка за Северна Македонија и за Косово, Марко Мантованели.

Двајцата соговорници, како што соопшти ресорното Министерство, разговарале за новиот стратешки програмски документ на Светска Банка за Северна Македонија за период  2019-2023 – Рамка за партнерство кој треба да овозможи побрз, инклузивен и одржлив развој и подобрување на условите за живот во државава.

На средбата се разговарало за продлабочување на соработката во делот на генерално овозможување на ниско јаглероден, инклузивен и одржлив развој кој ќе придонесе кон намалување на загадувањето на воздухот, намалување на емисиите на стакленички гасови и климатските промени, како и во делот на забрзување на активностите за подготовка на земјата за потенцијални земјотреси, поплави и други природни опасности.

Соговорници се сложиле дека со имплементација на Рамката за партнерство во голема мерка ќе и се помогне на земјава во зајакнување на фискалната одржливост и забрзување на транзицијата за користење на поодржливи извори на енергија. Притоа, било посочено дека со оглед на ограничениот простор за фискална политика, зголемените фискални ризици и големите развојни потреби, не треба напорите за зајакнување на растот да создаваат нерамнотежа што може да предизвика криза и да го загрози веќе постигнатиот напредок.

13 thoughts on “Се продлабочува соработката со Светска Банка во областа на животната средина

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *