Веле Алексоски добитник на наградата „Коле Неделковски“

Веле Алексоски е добитник на наградата за животно дело „Коле Неделковски“ што му ја додели клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, во соработка со Општина Велес. Наградата му беше врачена денеска пред бистата на поетот и револуционер Коле Неделковски пред неговата родна куќа во велешкото село Војница на одбележување на 78-годишнината од неговата трагична смрт.

Во оваа пригода, 77-годишниот Веле Алексоски посочи дека наградата му е посебно драга и значајна зашто е именувана со името на Коле Неделковски, и е поттик за неговото понатамошно успешно творештво.

Веле Алексоски живее во Велес, роден е во 1942 година во село Ричево, Прилепско. Завршил Виша педагошка академија, група француски јазик и литаретура на Филолошки факултет. Работел како професор по француски јазик во Градско и Велес. Потоа бил наставник во дополнително македонско училиште во Франција На факултетот за историски науки при Универзитетот 2 во Стразбур завршил постдипломски студии. Во јуни 1988 година ја брани докторската теза: „Француската источна армија и македонското национално прашање 1915/19 година. Престојувал и во Германија.

Поетот Коле Неделковски е роден во селото Војница, близу Велес во 1912 година. Кон крајот на 1939 година ја издал својата прва стихозбирка „М’скавици”, на македонски јазик, во духот на македонската народна песна. Во август 1941 година изле гла од печат неговата втора книга „Пеш по светот.  На денешен ден, 2 септември во 1941 година, Коле Неделковски трагично го завршил својот живот, при обид на бугарската полиција да го уапси во станот во кој живеел.

Наградата за животно дело „Коле Неделковски“  се доделува по третпат,а досега ја примиле поетесите Павлина Климкар Меанџиева и Македонка Јанчевска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *