Воспоставени дипломатски односи со Република Кипар

Во Хелсинки денеска, во рамки на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Кипар, Никос Христодулидис, го потпишаа Протоколот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

Како што информира МНР, со воспоставувањето на дипломатските односи се отвораат можностите за развој на политичкиот дијалог на сите нивоа и продлабочување на економската, културната и сите други видови соработка меѓу двете земји.

-Со овој чин, го официјализираме пријателството со уште еден сојузник во семејството европски држави, со кој активно ќе соработуваме на исполнување на европската агенда. Денес означуваме ново поглавје во билатералните односи и отвораме врата за плодна соработка, пријателство и просперитет, рече министерот Димитров.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *