Вниманието на Македонија и Грција денеска е насочено кон Њујорк, каде што почнуваат долгоочекуваните преговори меѓу Атина и Скопје за спорот со името, коментираат грчките весници.
Весникот „Прото тема“ ја пренесува изјавата на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц, кој најави дека терминот Македонија ќе биде содржан во предлогот за решавање на името.
Нимиц напомена дека Грција го прифатила тој термин, со самото признавање на земјата под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија, пренесува МИА.
„Прото тема“ додава дека Панос Каменос, лидер на партијата Независни Грци, која е дел од владината коалиција се заложил за името „Вардарска“ (Македонија). Каменос претходно повика за свикување на референдум за спорот за името.
„Њуз.ин“ смета дека со предлогот за референдум Каменос, кој изданието го определува како „подводна карпа“, може да и нанесе силен удар на Владата на премиерот Алексис Ципрас.
„Катимерини“, како што пренесува МИА, објави дека Владата во Атина не го поддржува референдумот.
Весникот ја објавува и оценката на архиепископот на Атина и цела Грција, Јероним, кој уште еднаш напомена дека позицијата на Грчката православна црква е јасна и оти таа е против терминот „Македонија“ да се содржи во името.
„Вима“ објави дека Нимиц изразил оптимизам дека двете страни ќе успеат да пронајдат попозитивен пристап кон македонското прашање, кој тој се надева дека ќе стане појасен по постигнувањето на конечната спогодба.
Весникот додаде дека по гласањето на нацрт-законот со новите мерки за штедење, владини извори изразиле надеж дека следната парламентарна седница ќе биде посветена на прашањето за името.
„Нимиц се ориентира кон решение, кое во себе ќе го содржи терминот Македонија, пишува „Та неа“.
– Треба да бидеме реалисти, со оглед на тоа што во моментов името на државата во ОН е Поранешна Југословенска Република Македонија, ги цитира „Та неа“ изјавата на Нимиц за „Антена“.
„Та неа“ пишува и за улогата на министрите за надворешни работи на двете земји, кои ги интензивираа средбите во интерес на забрзување на решавање на спорот.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјави дека националната позиција на Грција на овие преговори ќе се сведе на име со географска одредница за севкупна употреба.
This article had me laughing and learning! For additional insights, check out: EXPLORE NOW. Any thoughts?