Пуштен во употреба нов Ургентен Центар во Куманово

Нов Ургентен центар, опремен со современи апарати, доби Куманово од кој бенефит ќе имаат околу 200.000 граѓани од североисточниот регион кои на едно место ќе добијат хируршки, ортопедски, анестезиолошки услуги, дневна болница. Објектот, со површина од околу 700 метри квадратни, денеска свечено беше пуштен во употреба, а на настанот присуствуваа и премиерот Зоран Заев, ресорниот министер Венко Филипче и министрите за внатрешни работи и земјоделство, Оливер Спасовски, Трајан Димковски и заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураку.

Премиерот Заев рече дека оваа инвестиција во здравството, направена од парите на граѓаните, во пресрет на празникот Илинден, ги обединува сите заедно од различните етнички заедници и политички партии.

-Ќе остане трајно добро за кумановци и за целиот свероисточен регион од областа на здравството. Знаеме колку е тоа значајно во секојдневниот живот, потребите на граѓаните и е една од трите стратешки определби на Владата – здравството, образованието и социјалните дејности, изјави Заев.

Премиерот истакна дека центарот, кој е изграден од темел,  делумно е опремен, а дел ќе се доопреми со постапка на набавка и е одличен спој на амбулантно работење со останатите одделенија од болницата, што ќе придонесе за унапредување на здравствената заштита на граѓаните.

-Да напоменам дека оваа година трошиме 1,3 милијарди денари за оваа општа болница, но и за реконструкција на општата болница во Кичево, продолжува и изградбата на клиничкиот центар во Штип. Крајот на годината, очекуваме да ја пушиме во употреба и во Струмица и до крајот на годинава очекуваме да ја завршиме постапката или од почетокот на идната година за отпочнување на големиот Клинички Центар, изјави премиерот Заев.

Тој истакна дека тоа се сериозни инвестиции во здравството, што заедно со поддршката на кадарот, се заокружува квалитетното здравство.

Премиерот Заев упати порака до здравствените работници, лекарите, медицинските сестри, болничарите да останат во државата.

-Останете дома, останете во нашата земја, ние ќе се потрудиме да растат платите, да се подобрат условите за работењето, бидејќи како прво никаде не е како дома и второ дефинитивно им требате на граѓаните, рече премиерот.

Тој најави дека ќе продожат со раст на платите и приходите кои ќе бидат мотивација за сите.

Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека кумановската болница е позната по својата врвна експертиза и дека лекарите и персоналот кои со години работат во болницата, од денеска ќе работат во нов современ ургенент центар со што значајно ќе се олесни треманот на пациентите кои ќе добијат соодтветен третман.

-Ние продолжуваме да работиме на плановите за следни инвестции во овој Ургентен Центар и со директорката веќе разговаравме за набавка на нов комјутерски апарат и ултразвулен апарат. Во измината година и половина се примија огромен број вработени како никогаш досега. Капацитетот во однос на кадарот во оваа болница се зголеми за 10 проценти, се дадоа 12 специјализации, сега младите колеги ќе аплицираат и две субспецијализации. Како што ветивме го започнавме и процесот на трансофмрација на работниот однос – сите вработени во здравството кои беа вработени на договор на дело ќе станат вработени на неопределено време, изјави министерот за здравство.

Тој изрази надеж дека ќе се дооформи и центарот за дојка во Куманово и дека ќе се зајаке родилиштето кое е најголемо во државата надвор од Скопје.

Филипче нагласи дека лекарите од кумановската болница веќе применуваат нови методи поради набавените апарати, лапароскопски и ортопедски интервенции, и најави дека насокор ќе биде достапен ендоскопски апарат, со што ќе се олесни на пациентите од Куманово и соседните општини кои веќе нема да мора да патуваат за Скопје.

Директорката на болницата, Снежана Захариева истакна дека Ургентниот Центар ќе биде од исклучително значење за пациентите.

-Овде ќе добијат комплетна услуга и ќе имаат можност да бидат прегледани и оние со упат од матичен доктор и оние кои дошле заради ургентна или животно загрозувачка состојба. Кадарот ќе биде екипиран што дава подобра можност за меѓусебна консултација и решавање на нјатешките случаи. За нас ова е голем момент нашите вработени ќе имаат можност да работат во модерно опремен простор се надеваме и на нови дијагностички парати кои ќе ги добиеме особено за рентген дијагностика, комјутерски томограф и ултразвучна дијагностика што ќе биде дополнителна стимулација за работа на младите кадри и можност за нивна едукација-изјави Захариева.

Ургентниот центар е сместен во кругот на болницата, со посебен влез. На првиот кат се применото одделение, дневната болница, а на вториот хирургија со ортопедија и анестезија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *