Општина Демир Хисар ја утврди празничната програма за Илинден

Општина Демир Хисар ја утврди програмата „Илинден во Смилево“ што ќе се реализира на денот на големиот македонски празник.

Од секторот за односи со јавност информираат дека на 2 Август во утринските часови, општинска и делегации од државата ќе положат цвеќе пред могила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци – обелиск и спомен плоча на Партизанскиот одред „Даме Груев“, а потоа ќе го посетат Меморијалниот Музеј-Смилево.

-На денот на празникот, гостите ќе ги поздрават градоначалникот Марјанче Стојановски и претседателот на Совет на општина Демир Хисар, Благоја Станојоски. Очекуваме бројни гости, претставници на локални и национални институции со кои традиционално соработуваме, а на Илинден заеднички славиме. Во Смилево ќе ги пречекаме и учесниците на меморијалниот планинарски марш „По врвиците на смилевските илинденци“, соопштија од општина Демир Хисар.

За гостите во Смилево ќе биде приредена културно уметничка програма во изведба на фолклорното друштво „Илинден“ од Демир Хисар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *