Амбасадорот на Република Унгарија, Ласло Иштван Дукс, на денешната средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во Скопје, ја истакнал добрата досегашна соработка и поддршката што Владата на Унгарија и ја дава на државава во областа животната средина, особено во делот на управување со водите и отпадот.
Како што соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање, на средбата се дискутирало и за можностите за понатамошно продолжување на соработката во делот за животна средина.
Наведуваат дека министерот Нуредини ја прифатил понудената соработка со уверување дека поддршката со нови проекти ке го подобри животот на граѓаните и на целата држава.
This was both informative and hilarious! For more details, click here: LEARN MORE. What’s your take?