Во Струмица промовиран проектот „Компјутерската писменост на новото време“

Во нашата држава, како и во четири земји членки на ЕУ, не е голем интересот за познавање на компјутерски вештини кај популацијата над 50 години старост, е сознанието што произлезе од проектот „Компјутерската писменост на новото време“, кој го реализираше во изминативе две години Здружението за развој на информатичко општество „Информак“ од Струмица, заедно со партнери од други европски земји.

На возраст од 50-55 години интересот на граѓаните за совладување на компјутерските вештини во Република Северна Македонија, Бугарија, Португалија, Шпанија и Естонија е под 60 проценти и според истражувањата се работи повеќе за отпор, отколку за незнаење или немање интерес.

-Во Европа, па и кај нас секаде е битно при вработување, за напредување на работното место или едноставно за поквалитетно извршување на работните задачи да се познаваат компјутерските вештини. Затоа, од трите интелектуални трудови што произлегоа од овој проект, произлезе и четврти во форма на мобилна апликација-андроид, која може да ја користат сите сопственици на паметните телефони. Апликацијата е на пет јазици и има модули за основно и средно познавање на компјутерските вештини, информираше Илија Серафимов од „Информак“.

Проектот е финансиран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност и кофинансиран од „Еразмус плус“ програмата на Европска Унија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *