Ноќно искачување и изгрејсонце на врвот Љуботен на 2.499 метри на Шар Планина

Планинарскиот клуб „Јелак“ работи на подготовките и организацијата за ноќно искачување на врвот Љуботен, ноќта помеѓу 10 и 11 август, кое ќе биде четврто по ред. На 10 август планот е да се тргне од Тетово од пред Центар за култура во 18:00 часот кон Старо Село, каде што ќе биде збирно место со учесниците и од другите места. Во 19:00 часот се тргнува кон Вила Љуботен на 1.650 метри надморска височина како база за понатамошното качување.

Планираното стигнување во Вила Љуботен каде ќе биде поставен базниот камп е околу 21:30 – 22:00 часот. Таму е предвиден поголем одмор, време за вечера и разни активности пред понатамошното искачување.

Во поход се тргнува 01:30-02:00 часот, а на самиот врв пристигнувањето е околу 04:00-04:30 часот со што ќе може да се види изгревањето на сонцето.

-Стандардната планинарска опрема засилена со челна или рачна ламба, пожелно е на облеката или опремата да има ознаки од рефлектирачки материјал заради подобро следење на колоната. Удобни планинарски чевли или чизми. Се препорачува потопол слој на облека, имајќи гопредвид двочасовното задржување на врвот каде може да биде ладно во тие часови, информираат од ПК „Јелак“.

Врвот Љуботен на Шар Планина е висок 2.499 метри.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *