Македонија е преплавена со конфискувани возила, во моментов на плацеви на голем број државни институции и претпријатија има околу 10.000, но Агенцијата за управување со конфискуван и одземен имот, како што вели за МИА директорот Фатон Асани, не може да постапува по сите и да ги додели на државни институции или установи, да ги продаде за старо железо или да ги понуди на аукција затоа што нивната правосилност е заглавена во бавните судски процеси. Како Агенција, вели Асани, чекаат на судовите, откако ќе добијат правосилни решенија постапуваат. Во Македонија, но и во другите држави, додава, судските процеси траат долго, четири до пет години, и затоа судовите треба да работат поажурно.
Обезбедување правосилни решенија е потребно за Агенцијата да може да постапува и со секаков вид друг вид запленети предмети и недвижнини. Откако е на функцијата речиси две години, како што вели Асани, Агенцијата прави напори да ги забрза процесите. За овој временски период, додава Агенцијата доделила 300 возила на државни институции, а 500 неупотребливи уништила. Лани уништила околу 190 килограми наркотични супстанци, а деновиве шестотини парчиња оружје и 400 килограми дрога. Исто така, минатата година 20 илјади парчиња стока – облека, обувки, текстил, бела техника… доделила на социјални центри и установи за ранливи категории граѓани, а наскоро се очекува таква донација од 100 илјади парчиња. Минатата година Агенцијата во Буџетот уплатила еден милион евра.
Се што државата запленува, а е стекнато на нелегален начин, или е предмет на вршење некое кривично дело, со него располага Агенцијата за управување со одземен имот.
-Да почнам со возилата, сите кои се одземаат од страна на МВР, судовите, Царинската управа доаѓаат кај нас. Најголем проблем има со возилата затоа што во земјава постојат можеби повеќе од 10 илјади такви возила. Зборувам на наши плацеви, на плацеви на Македонски шуми, на Шумска полиција, на плацеви на царина и на МВР односно на полициски станици во земјата. Бараме решенија за сите, но треба да има правосилно решение за секое од нив, да се изготват документи и потоа да се направи вештачење, по што или се ставаат за продажба, за старо железо или за донација, вели Асани.
Тој потеенцира дека од како стапил на функција неполни две години имало четири продажби, а исто толку во целиот период на функционирање на агенцијата од 2009 година.
-Ако Агенцијата постои 10 години, од 2009 година, и имала вкупно осум продажби, четири се од изминатите нецели две години. Тоа отсликува како се работело претходно. Не може јас наеднаш да најдам 500 возила за уништување, а претходно не. Тие возила не се од вчера, вели директорот на Агенцијата.
Појаснува дека досега со одлука на Влада, Агенцијата има доделено над 300 возила на државни институции, меѓу кои Министерство за здравство, МВР, Управа за санкции…
-Оваа Управа во 2017 година немаше возила да ги однесе осудениците односно затворениците на судење по судови. Па почнавме да ги снабдуваме затворите еден по еден, работите почнаа да функционираат и ги покривме нивните потреби на затворите за да тече непречено нивната рабоата. Возила им даваме и на полициските станици, на Министерството за здравство… На здравствени и болнички установи Агенцијата има доделено можеби сме дале 20, 30 возила, вели Асани.
Истакнува дека одлучил да постапува само со возила кои имаат правосилни решенија, бидејќи, како што потенцира, порано се доделувале и привремено одземени, по што се случувало сопственикот во постапка да го добие назад возилото, а тоа веќе било амортизирано од установата на која било доделено. Потоа, додава Асани, државата требало да им плаќа оштета на таквите лица.
Директорот потенцира дека најголем дел од возилата по правосилните решенија се за уништување.
-Ние ги пронаоѓаме возилата кои имаат правосилно решение. Иако не е моја работа да одам по градовите да ги барам судиите за извршување на санкции, па да го барам началникот на полицијата… јас сепак го правам тоа за да се забрзаат процесите. Инаку би требало да чекам до Агенцијата да стаса правосилното решение, но јас сакам овој процес да се забрза. Ако сакаме нешто повеќе да дадеме за државата треба да се направи се што може за овие постапки да се забрзаат, вели Асани.
Кога ќе се најдат сите возила за кои има правосилни решенија, се вештачат, се утврдува кои се за употреба, а останатите се ставаат на списокот за старо железо. Во перидот додека јас управувам со оваа институција, вели, над 500 возила се продадени за старо железо.
Останатите, според Асани, најчесто се донираат на институции и установи на кои им се потребни. Државните институции доставуваат до Агенцијата, пишано барање со образложение зошто им е потребно возилото. Управниот одбор на Агенцијата го разгледува барањето и ние им доделуваме возила на тие институции чии барања се уредни. Тоа што ќе биде донесено како одлука на Управен одбор, додава, потоа треба да помне на Влада која треба да даде одлука за доделување на овие возила.
– Проценките велат деак има околу еден милион евра заштеда во државниот буџет за набавка на возила бидејќи наместо институциите да издвојуваат пари и да ги купат ги добиваат овие запленети возила преку Агенцијата за управување со одземен имот, вели Асани.
Според него, не е логишно запленетите возила кои се употребливи да се даваат на лицитација и некој да ги купи за малку пари, во услови кога многу државни институции воопшто немаат возила и треба да издвојуваат дополнителни средства за да ги набават.
-Јас така гледам на работите. Подобро на пример полициските инспектори да имаат возила за да биде бебедноста моја и ваша подобра, отколку државата да земе некои ситни пари за продажба на половни возила. Мојата политика е подобро да ги добијат институции отколку да ги ставам на лицитација или некој да го купи за малку пари, смета директорот на Агенцијата.
Со Министерството за здравство Агенцијата е во договор да обезбеди иста марка возила, пет или десет, а Министерството да се обврзе да ги среди односно исфарба, означи и да им стави ротациски светла. Потоа треба да им ги додели на болниците кои немаат или имаат стари и дотраени возила. -Доколку се има волја многу работи може да се направат. За некои од нив треба само добра идеја, вели Асани.
Тој појаснува дека освен запленети возила, Агенцијата располага и со друг вид стока. Од август 2017, вели, отако е директор на Агенцијата, уништена е 42 тона разна стока на Дрисла. -Станува збор за цигари, алккохол, или друг вид неупотреблива стока.Онаа која е употреблива,ја донираме за социјални установи, вели Асани.
Минатата година Агенцијата имала донација од 20 илјади парчиња облека и стока за домаќинство за социјални установи. Toј најави нова донација од над 100.000 парчиња текстил, обувки, канцелариски материјал, апарати за домаќинство за 26 институции, меѓу кои Министерството за труд и социјална политика, општини, за потребите на училиштата, Црвен крст, Комисија за односи со верските заедници за потребите на манастирите, Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи за потребите на ИВЗ, што ќе биде доделена денеска.
Лани биле уништени и околу 190 килограми разни водови наркотични средства, а деновиве шестотини парчиња оружје и 400 килограми дрога.Тој вели дека кога тој ја презел Агенцијата имало на плацеви, магацини, складови… шест милиони парчиња неподигната стока. Во овој изминат период, додава бројката ја намалиле на четири милиони, а годинава има шанси да ја спуштат на два милиони.
-Буквално Царинската управа воопшто не била рачистена од страна на Агенцијата. Стоката стоел таму бидејќи предметите поврзани со неа не се работеле. Сметам дека нема проблеми и кочници во самите постапки предвидени за одземен имот и стока, туку дека доцнењата се резултат само на немањето волја на работа кај тие што управуале со Агенцијата, но и кај другите институции надлежни да постапуваат во овие случаи, потенцира Асани додавајќи дека она што сега го прави Агенцијата го прави со многу волја и минимум човечки и матерјални ресурси, како и со многу труд и работа.
Како пример тој посочи случај дека кога го презел раководењето со оваа Агенција на граничниот премин Богородица, кон Грција која е земја членка на ЕУ, на десната страна на преминот стоеле десет камиони десет години. Тоа, вели е срам за државата.
-Сега таа слика е отстранета, но за да го направам мора да преговараш сп други институции кои имаат опрема и мехамнизација како што се Македонија пат и Македонски шуми, да помогнат во остранувањето, со тоа што за возврат Агенцијата да им донира некој камион. Но битно е работата да се заврши, вели Асани.
Вели дека за да може Агенцијата подобро да функционира потребен е и продажен сектор и оти тој како раководно лице работи таков сектор да се формира. -За нормално функционирање на Агенцијата според мене, потребен е и продажен сектор бидејќи без тоа според мене, бесмислено е да постои. Овој сектор е потребен не само за возилата, туку и за другата стока, вели директорот Асани.
Тој посочува дека.Агенцијата е подготвена дури и сите возила што се запленети на одредена територија на некој град во државата да ги донира на институции од градот кои за тоа имаат потреба како општина, болница, суд, труд и социјала, само дабидат завршени предметите.
Појаснува дека минатата година во Буџетот како Агенција префрлиле околу еден милион евра. Овие средства се најчесто од запленина имот, предмети, пари, возила… стекнати на незаконски начин.
-На многу интервјуа ме прашуваа за бројчаникот и враќањето на парите од криминални активности, особено на политичари. Тоа зависи од судот, а не од Агенцијата. Ако Судот „заврти“ ќе заврти и Агенцијата односно ако Судот сработи и донесе правосилно решение тогаш имотот или било што за што станува збор може да се продаде и средствата да се вратат во буџетот. Еве ќе ви кажам пример на Сеад Кочан му имаат замрзнато 17, 18 милини евра, но правосилна одлука нема, вели Асани за МИА.
Откако тој раководи со Агенцијата за управување со имот…….имало заплена на околу 130 недвижни имоти, дали станува збор за станови, куќи земјиште. Запленети се, појаснува, поради извршени различни кривични дела. Во 2018 година, имало 80 конфискувани имоти, а во 2019 година Агенцијата одземено стока во вредност од 20 милиони 318 околу 200.000 евра вратени во буџетот.