МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ХРВАТСКА ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА РАЦИН

И за Македoнците во Самобор, името и делото на Кочо Рацин е исклучително значајно. Пред неговиот споменик во паркот во близина на Музејот се собраа голем број Македонци и Самборци традиционално по повод одбележувањето на 78-годишнината од првото издание на Рациновата поезија – Бели мугри. Рациновата збирка на песни е една од основните работи на современата македонска литература, чии оригинални се уште се чуваат во хрватскиот Музеј. Васил Тоциновски, од година во година, открива нови детали од животот и делото на овој голем писател, но секогаш се чита познатата песна Ленка. Секогаш е убаво да се види колку Македонците сакаат да дојдат во Самобор, и да положат цвеке пред големиот македоснки поет Кочо Рацин. Членовите на вокалната група Моми Бисерни ги почестија присутните со неколку нумери, а се читаа стихови од Рацин, но сите заедно уживаа во превкусната македонска кујна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *