Прилеп ги завршува подготовките за „Пивофест 2019“, градските власти и јавните претпријатија со препораки

Прилеп ги заокружува подготовките за големата летна забавна манифестација „Пивофест“ која ќе се одржува од 18 до 21 јули. Веќе е затворен за сообраќај делот од булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на Прилеп каде на преку 4.000 метри квадратни ќе се поставуваат штандовите. Организаторите, прилепската локална самоуправа и скопскта фирма „Баги комуникации’ најавуваат голема забава за сите посетители од земјава и од регионот, како и учество на голем број познати домашни и странски изведувачи за вкусовите за сите генерации. Организаторите гарантираат безбедност, но имаат препораки за одржувањето на јавната чистотоа за време на Пивофест.

Во пресрет на почетокот на „Пивофест 2019“, од прилепското јавно претпријатие „Комуналец“ е издадена согласност за поставување времени локации за собирање и отстранување отпад и за одржување на хигиената. За време на фестивалот, јавното претпријатие ќе собира, селектира и ќе отсатранува отпад грижејќи се за хигиената. За овој временски период ќе бидат ангажирани околу 70 лица, возила за подигање на отпад, патнички возила и две цистерни.

Тековно, се врши комплетно миење на улиците, тротоарите и на плоштадите во централното градско подрачје, како и темелно чистење и миење на  улиците повеќето улици.

Според препораките од прилепски „Комуналец“ кој  е одговорен за одржувањето на хигиената  на сите јавни простори, опствениците на штандовитесе задолжени за хигиената во закупениот простор.

– Паркирањето  возила, дотур на стоки и паркирање на разладни возила не смее да се врши на зелените површини. Да се внимава со секој транспорт да не се уништуваат  патеките, ивичниците и зелените површини, препорачувата од рпиелпското јавно претпријатие „Комуналец“ и од локалната самоуправа.

По завршувањето на манифестацијата, ќе се изврши комплетно генерално чистење на просторот каде таа се одржува, а зелените површини за 20 дена ќе бидат доведени во првобитната состојба.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *