Втор натпревар за искачување од Тетово до Попова Шапка

В сабота, 20 јули, ќе се одржи втората спортско-рекреативна манифестација „Предизвикот на Шар Планина“ (Sharra Challenge), за најбрзо искачување од Тетово до Попова Шапка, во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

Учесниците на натпреварот в сабота ќе тргнат од тетовскиот градски плоштад во 9 часот. Патеката за планинско трчање е долга 10 километри. Релацијата е Тетово – Гајре – Лисец – Попова Шапка, по планински патеки.

За категоријата друмски велосипедизам патека е долга 20 километри, односно од плоштадот по асфалтираниот пат до Попова Шапка. Патеката во планински велосипедизам е, исто така, долга 20 километри, но движењето е во правец Тетово – Бањиче – Шипковица – Лисец – Попова Шапка, при што 75 отсто е планински пат. Сите учесници кои ќе стигнат до Попова Шапка ќе треба да искачат 1200 метри разлика во надморска височина.

Во секоја од трките во трчање, планински и друмски велосипедизам, во машка и женска конкуренција ќе бидат доделени награди: за прво место – златен медал и 5.000 денари; второ  место – сребрен медал и 3.000 денари и за трето место – бронзен медал и 2.000 денари.

Пријавувањето е преку електронска апликација  на веб-страницата www.prvdovrv.mk. Во трките може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за спортска активност според описот на трките. Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед, кацига и резервна внатрешна гума.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *