Писмена реакција за фактурите на ДУИ за Пендаровски и Заев

ФАКТУРИТЕ ОД АХМЕТИ ЗА ПЕНДАРОВСКИ И ЗАЕВ ПРИСТИГНУВААТ! 

 

Од 12 мај, Пендаровски и Заев имаат апсолутна власт во Татковината. Целосната немоќ да се спроведе најавената кадровска метла, како и непочитувањето на законите од кадрите на ДУИ, потврдуваат  дека тие се клекнати во скутот на вечниот Ахмети. Фактот што Претседателот на Републиката и Владата ја немаат довербата од мнозинството Македонски народ, ги прави малцински Претседател и Немакедонска Влада! Жално е што заради алчноста за власт, Пендаровски и Заев спроведуваат сценарио со кое се создава атмосфера дека Македонците полека но сигурно стануваа е гости во сопствената Држава. 

 

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ИМА ПРАВО ДА ЗНАЕ! ТОЧНО ЛИ Е ДЕКА МУ Е ВЕТЕНО ГУВЕРНЕРСКОТО МЕСТО НА АХМЕТИ ОД ПЕНДАРОВСКИ И ЗАЕВ! ОВА ЛИ Е ВОВЕД ЗА НОВИ БАНКНОТИ СО АЛБАНСКИ СИМБОЛИ? ШТО Е СЛЕДНО? МАКЕДОНСКАТА ХИМНА?

 

Од наметнувањето на Немакедонската власт веќе 2 години сме сведоци на тешки понижувања. Осомничен за тешки злосторства против Македонските бранители во 2001 на сила беше поставен за втор човек во Државата. Се воведе двојазичност, лажно се вметна во Уставот дека Рамковниот Договор е конститутивен елемент на Македонската Држава. Ахмети му наложи на Заев кој може да биде кандидат за Претседател на Републиката. За ниту еден од функционерите на ДУИ не важи закон. Од скандалот со пајакот и полицајката, аудито на Градоначалникот на Струга, дивите платформи во кањонот Матка, до последниот со дивоградбата на советникот на ДУИ заради што Охрид ќе го изгуби статусот на УНЕСКО, на никој влакно од главата не му недостасува. Паралелно, екстрадицијата за главните обвинети во убиствата на „Смилковско езеро“ од Косово изгледа никогаш нема да случи. Другите обвинети се бранат од слобода. Никој не одговара каква е таа Унија на Албански Општини од регионот чиј домаќин беше Градоначалничката на Тетово. И тоа не е доста, мора и Гувернер на Народна Банка да му се испорача на Ахмети.

 

СРАМ И АРАМ ДА ВИ Е ШТО СВЕСНО ОДРАБОТУВАТЕ ВНАТРЕШНО СЛАБЕЕЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ДОДЕКА АЛБАНСКАТА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА СЕ ЗАСИЛУВА НА БАЛКАНОТ? ИМА ЛИ КРАЈ? ШТО Е СЛЕДНО, ОТВОРАЊЕ НА ХИМНАТА? 

 

ДОСТА Е ОД ПОНИЖУВАЊА И НАЦИОНАЛНИ ПРЕДАВСТВА! УНИШТУВАЊЕТО НА ДУХОТ И ПОНИЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА МОРА ДА ЗАВРШИ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ! ДОАЃА ВРЕМЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СМЕТКИТЕ И ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ ЗА СИТЕ ПРЕДАВСТВА! 

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                   Претседател,

                                                                                          МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *