Советот на Дебар за командир на ПС го избра Аргетим Војника

Советот на општина Дебар на денешаната редовна седница, едногласно за командир на Полициската станица од општа надлежност во Дебар го избра Аргетим Војника.

Врз основа на Законот за полиција, на Предлог-листата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски доставена до Советот, имаше тројца кандидати. Бидејќи прв на листата беше Војника, за кого гласаа сите советници, независно од партиската припадност, за другите кандидати не се гласаше.

Подршката за него,како што беше речено, е поради неговата досегашна успешност и професоналност во извршувањето на поставените задачи.

Со решение на министерот Спасовски, Војника на оваа функција беше наменуван на 26 април минатата година, кога дојде на местото на дотогашниот командир Рашид Исмаилоски.

Триесет и четири годишниот Војника дипломирал на Правен факултет а во министертвото е десет години.Бил заменик командир на преминот „Џепиште-Требиште“како и командир на граничниот премин „Блато“ и двата премина македонско-албанската граница кај Дебар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *