Општина Богданци ќе го реконструира локалниот пат Стојаково-Селемли

Со 26,5 милиони денари што ги доби од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Општина Богданци денеска најави дека ќе го реконструира локалниот пат што ги поврзува селата Стојаково и Селемли и ќе ја асфалтира главната улица во пограничното село Селемли.

-Заради подобрување на квалитетот на животот во руралните средини преку изградба на локална патна инфраструктура, се одлучивме за целосна реконструкција на локалниот пат Стојаково-Селемли од којшто поголемиот дел е во лоша состојба, рекоа од Општина Богданци од каде потврдија дека инвестицијата за овој проект изнесува преку 18 милиони денари.

Останатите 8,5 милиони денари од добиената финаниска поддршка ќе бидат потрошени за целосна изградба на улицата „Солунска“ во селото Селемли. Според надлежната општинска служба, проектот предвидува поставување на атмосферска канализација, пешачки елементи, тампонирање и асфалтирање на улицата, којашто претставува главна сообраќајница во селото.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *