Познат дел од програмата на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ во пресрет на големиот празник и одбележувањето на 116 годишнината од Илинденското востание ќе почне на 1 август со настап на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.

Од одборот на манифестацијата велат дека наскоро ќе се прецизира официјалниот, а во меѓувреме е објавен придружниот дел од програмата на оваа значајна манифестација.

Според досега објавената програма за манифестацијата научно-културни средби „Десет дена Крушевска Република“, на отворањето на манифестацијата во Крушево на Гумење на први август ќе настапат Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ и култниот албум „Крушево“.

На трети август ќе се одржат „Традиционални денови посветени на унгарска и влашката култура“ со целодневни активности, на петти август е концеротот на Влатко Груевски – тенор. На седми август во рамките на Манифестацијата ќе се одржи театарската претстава „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“, хит комедија од театар „Провокација“, а на 9 август е настапот на групата „Шербет“ и познат македонски ди-џеј со меѓународна кариера.

Официјалниот дел од НСК „10 дена Крушевска Република“ треба наскоро да се прецизира.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *