– Пратеничката група на Беса го поддржа Законот за употреба на јазиците иако со него не се официјализира употребата на албанксиот јазик, изјави пратеникот Фадил Зендели во Собранието по донесувањето на Законот,
– Ние како парламетарна група порано изјавивме дека ќе го поддржиме законот и денеска гласавме, како што за законот гласавме и во прво читање, иако за него имаме забелешки. Сметаме дека со овој закон не се официјализира албанскиот јазик, туку има само едно авансирање, унапредување на употребата на албанскиот јазик во државните институции, рече Зендели.
Тој најави дека сите пет пратеници од парламентарната група на движењето БЕСА ќе продолжат да дејствуваат единствени како и досега, согласно платформата, програмата и статусот на на движењето.
– Сите случувања во самата партија оставаме да се решаат како внатрешни прашања на органите на движењето, додаде Зендели.
Законот за употреба на јазиците денеска беше донесен со 69 гласа од присутните 69 пратеници. Според листингот од гласањето за законот гласаа сите пратеници од СДСМ и Коалицијата, ДУИ, двајцата од Алијанса на Албанците, Мерал Ферати од ДПА, како и независните Амди Бајрам од Сојуз на Ромите, Чедомир Саздовски од ГРОМ и Весел Мемеди од Национална демократска преродба.
Wow, superb weblog layout! How long have you ever been running a blog for?
you make blogging glance easy. The entire glance of your site is
excellent, let alone the content material!
You can see similar here sklep