ВМРО-ДПМНЕ:Криминалот, насилството и корупцијата станаа симбол на оваа власт

Владата на Заев со секој изминат ден покажа дека прерасна во вистински режим.Аболицираниот криминалец Зоран Заев е поттикнувач и заштитник на криминалот и беззаконието во Република Македонија.

Заев наместо да го осуди и побара оставка од Курто Дудуш, тој се обиде да го оправда за лишувањето од слобода, тепањето и малтретирање на граѓанин. Повеќе од јасно е дека функционерите од власта имаат безрезервна поддршка од Заев за да вршат насилство и да се однесуваат шерифски и робовладетелски спрема граѓаните.

Како е можно премиер на држава која претендира да биде дел од ЕУ да смета дека може да има добра причина за некој човек да биде незаконски затворен, малтретиран и измачуван од страна на функционер?

Недозволиво е во 21 век при соодветни институции, при полиција, судство и обвинителство функционер да си зема за слобода да лиши од слобода лица и да ги казнува онака како што нему му одговара со измачување и малтретирање.

Таквото однесување ниту е демократско, ниту цивилизирано, а уште помалку е европско.

Повеќе од јасно е зошто обвинителството и полицијата се обидоа да го забошотат и прикријат случајот на Дудуш. Јасно е и зошто не се санкционирани и градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски кој се закануваше на граѓани дека ги прислушкува и следи, како и заменикот министер кој предизвика сообраќајка и загрози човечки животи.

Правосудството и полицијата се заробени од Заев, токму затоа беше и смешната и минимална казна за Боро „Марлборо“ Стојчев кој беше фатен во сериозен шверц на цигари.

Насилниците и криминалците наместо да се санкционираат, тие добиваат поддршка од премиерот. СДСМ наместо да ги заштитува граѓаните, оправдува и поттикнува насилство врз нив од страна на нивните пулени и функционери.

Криминалот, насилството и корупцијата станаа симбол на оваа разуздана банда на власт.Република Македонија со СДСМ е небезбедна држава и загрозени се животите на граѓаните.

Одговорност за ваквото однесување ќе има, бидејќи се ближи денот кога оваа криминална власт ќе си замине, а сите нивни функционери кои го прекршиле законот ќе одговараат за сите нивни злодела.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *