Ериксен Сореиде: Во интерес на Европа е да ги интегрира сите земји, како партнери или полноправни членки

Билатералните односи, состојбите во Регионот и можностите за негов развој, пристапниот процес на земјава кон ЕУ и НАТО, биле дел од темите за кои разговарале министрите за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров и на Кралството Норвешка Ине Ериксен Сореиде на денешната средба во Скопје.

Разговаравме, рече Ериксен Сореиде, за прашања на реформскиот и пристапниот процес кон НАТО, но исто така состојбите во регонот и посветеноста за негов развој, потенцирајќи дека фокусот поритоа е на проекти кои се однесуваат на владеењето на правото, создавање работни места за млади и регионалната соработка. Што се однесува до Северна Македонија, потенцира таа, особено сме фокусирани на помош за пристапните процес кон ЕУ и НАТО.

-Мислам дека во интерес на Европа е да ги интегрира сите земји, без разлика каков пат кон ЕУ ќе изберат, дали како партнери или како полноправни чненки, рече министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка на прес-конференцијата по средбата.

Таа најави дека Норвешка ќе продолжи тесно да соработува со Владата во процесот на подготвување на земјата за пристапување кон НАТО, но и да работи на изградба, на, како што рече, нашите силни билатертални односи.

Министерот Димитров истакна дека Норвешка е близок парнер на нашата земја, и притоа изрази благодарност за нејзината поддршка за реформска агенда, за нејзиниот интерес и присуство не само кај нас, туку и во целиот Регион, како и за потпишување на пристапниот протокол за нашето членство во НАТО Алијансата.

Ја информирав министерката, рече Димитров, до каде сме со реформите, кој е фокусот, за работата со земјите членки на ЕУ и за нашите очекувања, иако, како што рече, Норвешка не е земја членка на Унијата.

-Разговаравме и за состојбите во регионот и за важноста нашиот успех да се зацврсти со политичка одлука за почеток на пристапните преговори во октомври годинава, истакна Димитров.

Министерката Ериксен Сореиде, која престојува во работна посета на Република Северна Македонија, покрај средбата со нејзиниот домаќин министерот Никола Димитров, ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *