Писмена реакција за заканата на Бујар Османи

ДОСТА ГО ПЛАШИТЕ НАРОДОТ! ЕДИНСТВЕНО НЕШТО ШТО МОЖЕ ДА СЕ РАСПАДНЕ Е ДУИ! ЗАТОА ШТО НИТУ АХМЕТИ НИТУ НЕГОВИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ НИКОГАШ НЕ ПОКАЖАА ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е И НИВНА ТАТКОВИНА!

 

Заев и Османи се занесоа во улогите на жртви! Можноста да бидат жртвувани од нивните ЕУ спонзори ги ужаснува и затоа се служат со сите приземни сценарија. После заканата на Бујар Османи дека без ЕУ постои ризик Македонија да се распадне и да настанат меѓуетнички тензии, повеќе од јасно дека единствено нешто за што се загрижени СДСМ и ДУИ се власта и личните привилегии! Македонската Алијанса ги повикува Пендаровски, Заев, Димитров и Шекеринска јавно да ја осудат оваа закана и да побараат од Ахмети и ДУИ да се оградат од заканата на Османи. Ако продолжат да молчат ќе ги сметаме за нарачатели на заканите.

 

НЕЛИ СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ТВРДЕА ДЕКА ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО АЛИЈАНСАТА ГО ЗАОКРУЖУВА УНИТАРНИОТ КАРАКТЕР НА ДРЖАВАТА? НЕЛИ СО ДВОЈАЗИЧНОСТА И ВМЕТНУВАЊЕТО НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР КАКО ЛАЖЕН КОНСТИТУТИВЕН ЕЛЕМЕНТ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ ПРЕДАВНИЦИТЕ НЕ УБЕДУВАА ДЕКА СЕ ИСЦРПУВА АГЕНДАТА НА ВЕЧНИТЕ АХМЕТИ И ДУИ?

 

Заев и СДСМ се уште живеат во илузија. Тие се одамна веќе малцинска власт. И со, и не дај боже, без датум за преговори со ЕУ, ќе дочекаат тешка политичка казна од Македонската нација. Затоа што душмански се однесуваат кон сопствениот народ и раздаваат се што е свето и Македонско, како да им е нивна своина. Затоа што на сила го направија Џафери втор човек во Државата кој јавно на ТВ во Косово се заблагодари кога доби подарок карта на голема Албанија. Затоа што никогаш не ја прашаа  Арифи каква е таа унија на Албански Општини од регионот? Зошто им беше важно по секоја цена Пендаровски да стане Претседател на Републиката без разлика колку голема фактура ќе следи за „консензуалниот кандидат“?

 

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА НИКОГА И НИКОМУ НЕ МУ СЕ ПЛАШЕЛА! НИЗ ИСТОРИЈАТА СМЕ ПОМИНАЛЕ НИЗ ТЕШКИ ПРЕМРЕЖЈА И СЕКОГАШ СМЕ ИЗЛЕГЛЕ ПОСИЛНИ! ТАКА ЌЕ БИДЕ И ОВОЈ ПАТ!

 

БРАЌА И СЕСТРИ ОВАА СРАМНА ЕПИЗОДА ПОЛЕКА НО СИГУРНО СЕ ДВИЖИ КОН СВОЈОТ КРАЈ! ГЛАВАТА ГОРЕ, ДОАЃААТ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *