По 15 години во Струмица е обновен научниот собир за книжевната оставнина на познатиот писател за деца Видое Подгорец. На собирот учествуваа писатели, литературни критичари и професори од македонските универзитети.
Според писателот за деца Киро Донев, на Подгорец не му е дадено вистинското место во литературата.
– Тој е еден од нашите најплодни автори. Има објавено 108 дела од сите жанрови, не само за деца, туку и за возрасни. Иако манифестацијата се одржа првпат во 2002 година, овојпат како да воскреснува повторно, бидејќи му се дава значење на неговото творештво, рече Донев.
Организаторите сметат дека Видое Подгорец не е соодветно третиран од научната јавност и поради тоа е потребно подлабоко навлегување во неговото дело.
– Исто така, сметаме дека 85-годишнината од неговото раѓање е навистина преубав повод за да му дадеме посебно значење, односно да почнеме да го разоткриваме и од научна страна, која досега беше маргинализирана, рече Ана Витанова-Рингачова од Здружението „Средби под јаворите – Видое Подгорец“.
Научниот собир „Книжевната оставнина на Видое Подгорец – влог во издигнувањето на свремената македонска литаратура во национален и меѓународен контекст“ го отвори градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Научниот собир е во рамки на манифестацијата „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ која почна вчера и се одржува во Струмица и во село Колешино, родното место на Видое Подгорец.
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?
GREAT POST