Првото музичко училиште во земјава одбележа 73 години постоење

Првото музичко училиште во земјава, велешкото ООМУ „Стефан Гајдов“, одбележа 73 години постоење. По тој повод мината вечер во салата „Бели Мугри“ во Велес учесниците и професорите го одржаа традиционалниот годишен концерт.

Најдобрите ученици од сите класи на пијано, флејта, виолина, виолончело, кларинет и гитара се претставија со познати дела од класиците на музиката, од Моцарт, Чајковски, Бах и други.
Настапи и хорот под диригенство на професорката Славица Ставрева и оркестарот составен од жичани и дувачки инструменти, под диригенство на професорите Златко Андреев и Роска Чукниева и Елена Георгиева.

 

Светлана Ташева директор на ООМУ „Стефан Гајдов“ во своето обраќање до присутните  потсети дека учениците како и во изминатите и оваа учебна година учествувале и се добитници на многу домашни и меѓународни натпревари по музика.

За постигнатите високи резултати на полето на музицирањето,и достојно презентирање на музичкото училиште во земјава и странство, директорката Ташева им врачи благодарници од училиштето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *