Божиќна честитка на Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Почитувани,

По повод  Денот на Христовото раѓање – Божиќ,  до сите верници во Татковината и надвор од нејзините граници, кои овој Голем христијански празник го чествуваат по Грегоријанскиот календар, ја упатувам следната честитка:

 „Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик, и да Ви посакам во добро здравје, радост и среќа да ги поминете празничните денови

На овој голем ден се потсетуваме на Неговото велико и спасоносно дело, дело кое целото човештво го упати на патот кон правдата, вистината и вредноста на човечкиот живот.

Прославувајќи го Христовото раѓање ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе во светот и заради тоа треба да бидеме благодарни за Неговата милосрдност и бескрајна љубов.

Денот посветен на Христовото раѓање- Божиќ е најголемиот Христијански празник кој симболизира љубов, здравје, среќа, заемно почитување. Симбол за раѓањето, чин на духовна промена и почеток на нова надеж. Затоа на сите верници кои го прославуваат Божиќ по Грегоријанскиот календар, им посакувам искрена радост, длабока љубов и благодет. Овој празник  нека создаде ново и исполнето поглавје од Вашиот живот, нека создаде мир и спокој во вашите семејства.

 Честит Божиќ!“

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *