Писмена реакција за резултатите од вториот круг на Претседателски избори

МАЛЦИНСКАТА ВЛАДА ПРОГЛАСИ МАЛЦИНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ! УШТЕ ЕДНАШ СЕ ПОТВРДИ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ СЕ НЕЛЕГИТИМНИ! МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ГИ ОТФРЛИ ПРЕДАВСТВАТА СО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА!

Стево Пендаровски прогласи победа со историски најмалку гласови на Претседателски избори. Никој претходно не станал Претседател со толку малку гласови!  Тој освои едвај 38 000 гласови повеќе од 2014 кога изгуби од Ѓорѓе Иванов. Вечниот Ахмети јавно тврди дека ДУИ му испорачале меѓу 100 и 130000 Албански гласови и му ја донеле победата. Во прилог на ова тврдење е фактот дека Заев, Димитров, Шекеринска и Пендаровски изгубија во огромен број Општини со мнозинско Македонско население.

На 2 круг од Претседателските избори со сите притисоци излегоа едвај 844 365 гласачи, од кои 30 442 направиле неважечки ливчиња, 377713 гласаа за Гордана Силјановска Давкова и коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. Ако земеме предвид дека до овие избори од 1.800 000 запишани гласачи излегуваа во просек 1 100 000 гласачи, повеќе од 700 000 Македонци се против Северна Македонија и хибридниот идентитет кои сакаат изродите да ни го наметнат.

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА БАРА ОДГОВОР ШТО ЗНАЧИ ТВРДЕЊЕТО НА АХМЕТИ ДЕКА ПОБЕДИЛА КОНСЕНЗУАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА? ОВА Е МНОГУ ОПАСНА ТЕЗА! ШТО Е ПАЗАРОТ ЗА АЛБАНСКИТЕ ГЛАСОВИ? ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА, ОТВОРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА ИЛИ НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА МОЖЕБИ ВЕТИЛА ПРОМЕНА НА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ? ДАЛИ ЗАЕВ И ПЕНДАРОВСКИ СВЕСНО ПРИФАЌААТ СЛАБЕЕЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ДОДЕКА АЛБАНСКАТА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА СЕ ЗАСИЛУВА НА БАЛКАНОТ!

Да не си му во кожа на Заев и Пендаровски! Слават а им се плаче! Треба да владеат, да потпишуваат, да продолжат со раздавањето на националните интереси, а речиси целата Македонска нација е против нив! Зад нив се уште стојат само ние кои имаат или чекаат некаква полза! Знаат дека тонат, а нивните спонзори бараат да ги одработат предавствата до крај! Им се расветлува и разјаснува дека за секој ден поминат на функција порано или подоцна ќе платат многу висока цена!

НЕМА ПРОСТОР ЗА РАЗОЧАРУВАЊА И ПОВЛЕКУВАЊА. НЕ СТЕ САМИ! НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА! НИЕ ИМАМЕ ВОЛЈА И ЗНАЕМЕ КАКО ДА СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА ТАТКОВИНАТА!

Македонската Алијанса е во право кога тврди дека се потребни предвремени избори со претходно изменет изборен модел со 1 изборна единица и отворени листи! Македонската нација си го бара легитимитетот назад и да го предаде на пратеници кои ќе имаат интегритет, знаење и храброст за тоа што ќе следи.

НОВАТА ПОЛИТИЧКА ДОКТРИНА Е СИЛНИ НАЦИИ! ДОСТА Е ОД ТРУЛИ КОМПРОМИСИ НА НАША ШТЕТА! МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА ТРЕБА ДА СЕ ВОЗОБНОВИ СО СИТЕ НАЦИОНАЛНИ АТРИБУТИ!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,                                                                                          

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА                                                                                       

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *