ИСЕЛУВАЊЕТО ОД МАКЕДОНИЈА КОН КАНАДА КАКО СУДБИНА 

ИСЕЛУВАЊЕТО ОД МАКЕДОНИЈА КОН КАНАДА КАКО СУДБИНА

Тешките, лоши, често и невозможни услови за живеење и постојаната борба за опстанок присилиле голем број Македонци да се определат, покрај другото, и за печалбарството.Денес се проценува дека околу милион Македонци се иселеиле од етничка Македонија. Според Специјалната комисија на Обединетите нации за Балканот, во Извештајот од 13 мај 1949 година, од Егејска Македонија, меѓу кои и семејствата на Стив и Лили Пљакас се иселиле вкупно 232.000 Македонци, а на нивно место грчките власти доселиле и ја колонизирале Егејска Македонија со бегалци од Мала Азија

Развојниот пат на македонското иселеништво во основа се совпаѓал со развојот на настаните на Балканот и уште повеќе во зависност од тоа како се движеле настаните околу Македонија. Како резултат на тоа преселничките печалбарски движења на Македонците и нивниот интензитет биле условени, пред сè, од тешките економски услови за живеење и работа, а во многу помалку случаи и од причини што имаат национално-политички карактер. Тешките, лоши, често и невозможни услови за живеење и постојаната борба за опстанок присилиле голем број Македонци да се определат, покрај другото, и за печалбарството, е запишано во во публикацијата „Македонците во Соединетите Американски Држави и Канада”, „Македонска искра“, 2002, 1- 380 (на македонски и на англиски јазик, од авторот на овие редови.

Печалбарството, односно преселувањето, од Македонија во Соединетите Американски Држави и Канада било карактеристично за традиционално иселеничките краишта: Леринско, Битолско, Преспанско, Костурско, Охридско, Воденско, Прилепско, Струшко, Солунско, Тетовско и други делови на Македонија.

cc

Иселеничките движења од овие краишта се засилиле по Илинденското востание во 1903 година, а особено иселувањето било изразено по балканските војни и по Првата светска војна, кои наместо слобода од петвековното ропство, на Македонците им донеле тројна поделба, угнетување, асимилација, денационализација и физичко уништување, што ги спроведувале порано ослободените соседи, Бугарија, Кралството Југославија, Грција и Албанија.

Она што се случувало во минатото во периодт од неколку векови, по Првата светска војна, за релативно кратко време во одделни делови на Македонија настанале крупни миграциски движења и етнички измени кои имале катастрофални последици за македонското население.

Така, според Специјалната комисија на Обединетите нации за Балканот, во Извештајот од 13 мај 1949 година, од Егејска Македонија, меѓу кои и семејствата на Стив и Лили Пљакас се иселиле вкупно 232.000 Македонци, а на нивно место грчките власти доселиле и ја колонизирале Егејска Македонија со бегалци од Мала Азија.

Карактеристичен бил и периодот по 1960 година. Тогаш со отворањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија кон светот и со вклучувањето во меѓународната поделба на трудот, паралелно со создавањето на аграрно население во градовите и со либерализацијата на политиката за одење на работа во други земји, дошло до иселување на поголем број работници и интелектуалци од тогашна Социјалистичка Република Македонија на северноамериканскиот континент.

Преселнички движења од Македонија кон светот се присутни и денес, меѓутоа нивниот интензитет е различен, зависно од економско-политичкиот момент во Македонија, на Балканот и во светот.

Некои пореални процени зборуваат дека од средината на XIX век до денес од сите делови на Македонија, во разни земји во светот се преселиле повеќе од еден милион Македонци. Во отсуство на целосни статистички и други податоци, мошне е тешко реално да се утврди точниот број, меѓутоа, се проценува дека во Соединетите Американски Држави, Канада и во Австралија живеат околу 500 илјади македонски доселеници, од кои околу 150.000 во Соединетите Американски Држави, приближно 150.000 во Канада, и повеќе од 200.000 во Австралија и Нов Зеланд.

ccc

Торонто

Се проценува дека во Европа и во други земји живеат повеќе од 150.000 македонски иселеници. Околу 50.000 доселеници со македонско потекло живеат во Јужна Америка, Египет, Велика Британија, Јужна Африка и во источноевропските земји, како и во Турција, каде има повеќе од 300.000 Македонци – муслимани и етнички Турци од Македонија.

Според Стив Пљакас, во минатото македонските печалбари, а потоа и иселениците претежно биле од селските средини, кои се наоѓале во потешка економска состојба, со понизок степен на образование и со ниски стручни квалификации, за разлика од денешните доселеници кои, претежно, се со високо образование и стручно оспособени. Оттука, главната цел на иселувањето била обезбедување на основната егзистенција и создавање материјални резерви за семејството. Мал број иселеници го напуштиле родниот крај поради политички причини, како и од традицијата за одење во друга земја.

Меѓутоа, кај последните неколку генерации, како и кај доселениците од поново време, особено од Република Македонија, ескалира појавата на иселување на лица со високо образовно, и со повисоко културно и социјално ниво, што условува нов структурален степен во македонската  дијаспора. Така, меѓу нив има интелектуалци од различни сфери на различни области кои се афирмирани не само во македонски туку и во светски рамки.

Стив Пљакас вели: „Промените во економската, социјалната, образовната и квалификациската структура, паралелно со остварениот материјален потенцијал, условуваат и делумна трансформација на животните навики на македонските иселеници во дијаспората. Притоа, голем број Македонци, особено од егејскиот дел на Македонија се пробиле во повисокото општество во кое живеат.

Меѓутоа, во политичкиот живот во новите средини и општества, македонските доселеници осетно заостануваат зад другите етнички групи, а тоа е случај и со другите иселеници од балканските земји. Сепак, нивните постигнувања на економски, духовен, образовен, културен и спортски план, сè повеќе придонесуваат тие да не бидат третирани како граѓани од втор ред, туку како интегрален и важен фактор во новите средини во дијаспората, особено во мултиетничките општества како што е Канада“.

„Првите форми на собирање меѓу македонските иселеници датираат од времето на масовното доаѓање во новите средини, кога со себе ја носат својата култура, јазик, традициите, религијата и обичаите. Како резултат на тоа, уште на почетокот се формирале заемнопомошни, културни, црковни асоцијации и друг вид друштва. Тие имале за цел да ја зачуваат македонската култура, обичаите и верските традиции, да обезбедуваат материјална помош на социјално загрозените Македонци, како и да собираат средства за изградба на цркви, училишта и други објекти во новите средини и во нивните родни места, во Македонија“, вели Стив Пљакас.

Најголем број Македонци во поранешниот Советски Сојуз, дошле во текот на Граѓанската војна во Грција и тие се населиле во кавкаските региони. Само во Ташкент и околните места во периодот од 1949 година, бројот на Македонците од Беломорска Македонија изнесувал околу 7-8.000 луѓе. Тој број подоцна рапидно се намалил поради големиот број повратници во Грција, Македонија и во други земји.

Денес во поранешните источно-европски земји: Романија, Унгарија, Чешка и Словачка, Полска, Украина, Русија и други земји живеат неколку илјади Македонци претежно од егејскиот дел на Македонија. Исто така, има и бројни доселеници од мешани бракови на Македонци од сите делови на Македонија.

Покрај прекуокеанските земји, Европската унија и некои други земји, Република Хрватска и Република Словенија, се земји каде што на Македонците им се гарантирани сите права како национално малцинство. Тие се земји каде што владите, преку материјална и финансиска помош, го помагаат развојот на малцинствата за афирмација на нивните национални, културни и јазични вредности. Со тоа Македонците служат како мост за развивање на пријателството помеѓу Хрватска и Словенија, со Македонија, афирмирајќи ги, на тој начин, двете држави како демократски и граѓански земји.

cccc

Нијагарските водопади

Судбината на Македонците во Србија и Црна Гора е слична, ако не и идентична со онаа на Македонците во Хрватска и Словенија. Тука, поради проблемот со Српската православна црква, Македонците немаат свои духовни храмови, туку се организираат во културно-уметнички друштва и други асоцијации.

„Има Македонци кои живеат и во Пакистан и кои сметаат дека се потомци од војските и генералите на Александар Македонски (Велики)“. Тоа го потврдивме со Мајкл Китли.  „Имено, на Хималаите, во источниот дел на Пакистан, има племе кое се разликува од другите. Тие луѓе се високи и руси по боја. Имаат своја автономна територија која тие ја нарекуваат Ханза, или Ханза-кут, зборуваат бурошаски јазик и се чувствуваат како Македонци. Нивното знаме е црвено и со сонце кое има осум златни краци. Речиси неодамна го примиле исламот, но ги задржале старите македонски традиции.

Исто така, Македонци има и во Израел, чија судбина е слична како на сите Евреи. Макотрпниот живот, целокупните состојби, силната љубов кон својата вера, народ, земја, минато и иднина, направи и од Македонците и од Евреите да формираат свои суверени и независни држави.

Еден од нив сум и јас кој од Евреите учи колку тешко, макотрпно и со многу пожртвуваност се формира држава; како уште потешко се стекнува слободата и, како сето тоа возвишено, со силна вера, со голема љубов и со најголема надеж треба да се брани, гради, чува и развива новосоздадената држава Република Македонија“, вели Стив Пљакас.

Продолжува

katinПишува: СЛАВЕ КАТИН

One thought on “ИСЕЛУВАЊЕТО ОД МАКЕДОНИЈА КОН КАНАДА КАКО СУДБИНА 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *