Честитка по повод Големиот Христијански празник – Велигден

По повод Големиот Христијански празник – Велигден,
Претседателот на Македонска
Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски упатува честитка до сите православни христијани во нашата Татковина и надвор од неа, до Синодот и до свештенството на МПЦ-ОА.

“Почитувани браќа и сестри,

Дозволете ми од мое лично име и од името на Македонската Алијанса, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, празник кој ја слави победата на животот над смртта, празник кој не учи дека треба да бидеме истрајни и искрени во нашата верба како и во нашите убедувања.
Посакувам во Вашите семејства да владее мир, љубов и благосостојба, како на овие
празнични денови, така и понатака во годината.
Нека овие празнични денови нè научат на воздржување, пожртвуваност и вистинска
љубов.

Христос воскресна!
Навистина воскресна!
Нека ни е за многу години празникот!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *