ВО ИТАЛИЈА СО 10 КАРАТИСТИ

На обединетиот Светски шампионат во Италија во карате, боите на Македонија ќе ги бранат десет каратисти во сениорска, младинска, јуниорска и кадетска конкуренција. Шампионатот ќе се одржи во Италија, во градот Монтекатини, од 30 ноември до 3 декември оваа година.

Во составот на репрезентацијата се сениорите Дејан Недев, Аљоша Недев, Матеј Ангеловски и Јадранка Недева, младинецот Огнен Тасевски, јуниорот Берта Милевска, а како кадети боите на нашата земја ќе ги бранат Мила Саздова, Јана Милевска, Антонија Белазелковска и Јелена Дробниќ.

Светскиот обединет шампионат (традиционално, модерно и контакт карате) по втор пат се одржува во историјата на овој спорт. Прв пат вакво натпреварување беше одржано 2015 година во Копер, Словенија. Инаку во Монтекатини се очекува учество да земат над 1000 каратисти од 70 земји во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *