Силјановска-Давкова на средба со млади во Битола – Тие се движечката сила на едно општество

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со пензионери во Градскиот парк и средба со млади во кафе „Јагода“.

Силјановска Давкова при средбата со младите посочи дека тие се движечката сила на едно општество, гласот на промените, иновативноста, и надежта на секое општество од кое почнуваат промени.

Најдобар синоним за младиот човек е слободата. Тие мора да бидат слободни, мотивирани и да ја почувствуваат грижата од државата, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова истакна дека младите ќе ја донесат победата затоа што секогаш младите луѓе се носители на промените, бунтовноста и бестрашноста.

Силјановска Давкова при средбата со пензионерите рече дека со нив разговарале за нивните проблеми во секојдневниот живот, иселувањето на младите како и за кратењето на пензиите односно за негрижата на оваа влада кон нив.

Како што треба да се грижиме за нашата иднина, а тоа се младите, така треба да се грижиме подеднакво и за нашето минато и минат труд преку грижа за пензионерите и нивните потреби, нагласи Силјановска Давкова.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *