Ѓурѓај: Наша цел е што поголем број деца од Голо Брдо да се школуваат во матичната земја

Претседателот на македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај, вчера имаше средба со ученици Македонци по потекло од Голо Брдо, кои се школуваат во Охрид.

Според Ѓурѓај децата по потекло од Голо Брдо во се поголем број средното образованието го продолжуваат во Охрид, а дел од нив се запишуваат и на факултетите во овој град.

-Наша цел е што поголем број деца од Голо Брдо да го продолжат образованието во  нивната матична земја и да бидат иден квалитетен кадар за Македонците во Албанија.Проблем со јазикот немаат бидејќи мајчин им е македонскиот,иако се уште основното го завршуваат на албански јазик.Се надеваме дека албанските власти ќе го прифатат нашето барање па децата да почнат да следат настава на македонски,како што било порано, изјави Ѓурѓај за МИА.

Тој додава дека има деца кои образованието го продолжуваат и во Битола, Штип, Прилеп и Скопје.

На средбата со учениците во Охрид разговарано е и за проблемите со кои се соочуват во текот на учењето, за тоа како ги совладуваат методолошките единици во училиштата, но и како се интегрираат меѓу врсниците во Охрид.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *