ВМРО-ДПМНЕ: Власта нема капацитет да ги спроведе потребните реформи

Зоран Заев и Пендаровски кој е 102,5% ист со него ги лажат граѓаните. Го сменија името на државата, што според Заев беше единствената пречка за ЕУ интеграција, а постои сериозен ризик заради нивната корупција да не почнат преговорите за членство во јуни.

Самиот Зоран Заев вчера во интервју призна дека уште лани му било кажано оти овој јуни Република Македонија можеби ќе отпочне преговори.

Заев почна да ја подготвува јавноста на својот неуспех на полето на реформите и економијата, па од фразата во Јуни почнуваме преговори, се префрли на можеби, за само неколку минути подоцна да рече „не е битно дали септември или јануари, битно да почнеме”.

По ваквите изјави на Заев повеќе од сигурно е дека Република Македонија нема да ги отпочне преговорите за влез во ЕУ во Јуни и покрај сите лаги дека само името е пречка.

Немањето капацитет да се спроведат реформите кои се потребни, лошата економска политика на оваа власт, партизираноста на судството и администрацијата, како и политичкиот прогон се главната причина зошто државата се соочува со неуспех.

500.000 граѓани живеат во сиромаштија, просечната плата падна за 1200 денари, за е години се зголеми јавниот долг за над половина милијарда евра, политичкиот прогон стана пракса, се делат милионски тендери на фирми блиски до власта, единствен услов да се стигне до работно место е роднинската поврзаност со некој функционер од власта, а криминалот царува на улиците, тоа е Република Македонија со СДСМ, ни малку европска.

СДСМ и Зоран Заев се директно виновни за неуспехот на државата. Република Македонија не може да продолжи со СДСМ. Тонењето не е опција. Република Македонија мора напред, со СДСМ тоа не е можно.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *