Отворен Музејот на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје од НОВ

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска го отвори Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944). Лоциран е на левиот брег на реката Вардар, на кејот „Димитар Влахов“, зад Археолошкиот музеј на Македонија.

Музејот ќе биде отворен секој работен ден со дежурен кустос и ќе биде дел од туристичката мапа на главниот град. Посетителите ќе можат да ја погледнат постојаната поставка „Хероите на градот на Вардар“ на авторката Зоја Богдановска, виш кустос историчар. Посетителите ќе можат на таблети да ја видат целата поставка, а секој експонат е опишан на современ, дигитален начин.

– На 13 ноември минатата година, на Денот на ослободувањето на нашиот град најавив дека многу скоро, повторно ќе го отвориме овој Музеј, кој неправедно беше затворен долги години поради реновирање, рече Шилегов.

Според него, поранешната власт намерно ја фрлила на маргините антифашистичката и современата историја на Скопје, а спомениците, бистите и спомен-плочите поветени на НОВ биле намерно запуштени и неодржувани.

– Со отворање на овој Меморијален музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ го почнуваме токму спротивниот процес. Историјата на антифашистичко Скопје, на партизаните, на диверзантските групи, на Првиот скопски партизански одред повторно ќе биде дел од градските културни политики, одбележувања и останати содржини. Некогаш позната, а сега заборавена, оваа илегална партизанска оружарница од денес е повторно достапна за граѓаните на Скопје и за другите посетители како вредно културно-историско наследство од современата македонска историја,  потенцира Шилегов.

 

Тој истакна дека повторното отворање на Музејот симболично се случува денеска, кога пред 75 години по долго физичко измачување во огласната полициска управа во Скопје и без судски процес свиреп биле убиени нашите народни херои Страшо Пинџур и Мирче Ацев. Во овие простории била сместена работилницата на Серафим Видовски и била опремена со најнеопходниот електромеханичарски рачен и статичен алат.

На отворањето на Музејот присуствуваа министерот за култура Роберт Алаѓозовски, претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ Трајко Стаматовски, учесници во НОВ и членови на нивните семејства и претставници од семејството на  Серафим Видовски.

Новата изменета и надополнета поставка е сместена во целосно санираниот простор на тајната работилница, зачувана во својот автентичен изглед, која во 1981 година била пренаменета во музеј. Со поставувањето на деведесетина зачувани музејски експонати се будат сеќавањата за илегалната работилница што се користела за изработка на оружје за партизанските одреди, но и други експонати коишто се поврзани со времето на Втората светска војна.

Со повторното отворање на Меморијалниот музеј на илегалните работилници, Музејот на град Скопје го добива својот втор депанданс во стариот дел на градот, кој е единствен од ваков вид во Република Македонија и ја збогатува со уште една значајна содржина културната понуда на Скопје.

15 thoughts on “Отворен Музејот на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје од НОВ

  1. Wow, wonderful weblog layout! How lengthy have you been running a blog for?
    you make running a blog glance easy. The overall glance of your website is wonderful, let alone the content!
    You can see similar here dobry sklep

  2. 野蠻世界儲值版下載》是您探索未知世界的最佳選擇!這款遊戲提供豐富的遊戲內容和無盡的冒險機會。透過儲值版下載,您可以獲得專屬的遊戲內資源和獎勳,讓您在遊戲中更快成長。立即下載《野蠻世界儲值版》,開啟您的奇幻旅程吧!

  3. 在現今的娛樂世界中,最大線上百家樂成為了眾多玩家的討論。每款百家樂遊戲不僅提供了真實的賭場體驗,還能夠隨時隨地進行遊玩。玩家可以享受高畫質的遊戲畫面和流暢的操作介面,讓每一次下注都充滿刺激與挑戰。無論是新手還是老手,都能在這裡找到屬於自己的樂趣。

  4. "RSG試玩"是一個提供玩家免費體驗賭博遊戲的平台。這些試玩版讓玩家在不投入真金的情況下,體驗不同的賭博遊戲,包括老虎機、桌上遊戲等。透過試玩,玩家可以熟悉遊戲規則,了解自己的遊戲策略是否有效,從而提升在正式賭博時的遊戲經驗。這不僅有助於增加遊戲的樂趣,也能降低潛在的風險。

  5. 野蠻世界儲值版下載》是您探索未知世界的最佳選擇!這款遊戲提供豐富的遊戲內容和無盡的冒險機會。透過儲值版下載,您可以獲得專屬的遊戲內資源和獎勳,讓您在遊戲中更快成長。立即下載《野蠻世界儲值版》,開啟您的奇幻旅程吧!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *