Река се сретна со граѓани од неколку скопски села

Независниот кандидат за претседател Блерим Река претседателската кампања вчера ја продолжи со средби со граѓани во скопските села Чифлик, Батинце, Патишка Река и Студеничани.

Лидерот на Дижењето Беса, Биљал Касами, на средбите рече дека го поддржуваат Река бидејќи силно веруваат во концептот на една држава или „Република за сите“, но и дека оваа е единствениот пат што ќе ја направи Северна Македонија држава со европски вредности.

-Македонците, гласајќи за професор Блерим Река, сега ја имаат шансата да докажат дали се за држава што ќе биде рамноправна, како за Македонците, така и за Албанците. Ние јавно им велиме дека без рамноправни Албанци во водењето на државата иднината на Северна Македонија ќе биде несигурна, нагласи Касами.

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, нагласи дека со кандидатурата Река ги почестил сите Албанци бидејќи со овој концепт на секој Албанец му се нуди можноста за застапеност.

-Не мислам на тие Албанци кои не се чувствуваат  Албанци, туку за Албанците кои се родени и пораснати со татко и мајка Албанец. Ако сакате да ги тестирате тие албански партии што се на власт колку се искрени во тоа што го прават  поканете ги да дојдат тука пред вас рамо до рамо со Стево и да ви ги бараат гласовите, но тие не можат да излезат пред вас. Тие го прават оваа само за власт и влегуваат во истата категорија со Амди Бајрам, рече Села.

Блерим Река ја потенцвираше важноста од масовно излегување на гласање, без оглед на партиската припадност и дека со нивниот глас покажуваат дека не се анонимни 20 отсто од гласачите.

-Другите нудат конзенсуалност, што на албански значи зделка, но за жал тие и даваат приоритет на зделката со соседот, додека во нашиот случај се работи за зделка меѓу браќа од иста крв. Двајцата лидери на опозициските партии склучиле завет за да поддржуваат еден абански кандидат и со ова тие докажуваат дека се за факторизирање на албанските гласови, нагласи Река.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *