Универзитетот „Гоце Делчев“ одбележа 12 години постоење

 Да се направат сериозни и големи реформи во образовниот систем, како и целосно да се ревидира болоњскиот процес зашто сега се злоупотребува и нема прецизни критреиуми за оптовареноста на студентите, побара ректорот  Блажо Боев во денешното обраќање на свечената академија по повод 12 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Како што рече Боевреформата на високото образование треба да почне од средните училишта, бидејќи сегашните средношколци не се подготвени за предизвиците што ги чекаат на факултетите.

Ректорот забележа дека и запишувањето на се помал број студенти на универзитетите е еден од проблемите што бара сериозен пристап.

Премиерот Зоран Заев кој присуствуваше на академијата, во својот говор истакна дека постоењето Штипскиот универзитет е особено значен за регионот, но и за државата, а пред 12 години, како и денес, се нагласува потребата од квалитетно високо образование.

– Во услови на постојани и динамични промени, од универзитетите се очекува да бидат активни, креативни, отворени, непристрасни и да ја преземаат улогата на вистински пионери за разбирање и создавање знаења и вештини за генерациите што доаѓаат и што треба да го заземат своето место во светот на интензивни промени и во општества засновани на знаења, рече Заев.

Тој укажа дека универзитетите се тие што треба да им дадат знаење на студентите кои, пак, потоа ќе влезат подготвени на пазараот на трудот.

-Оттаму произлегува и важноста да се покаже соодветен одговор на барањата на бизнис заедницата, кога се нагласува важноста на образовните стратегии да ги препознаат потребите од различни перспективи. Затоа денес знаењето е отворено и дипломираните студенти учат и во текот на нивните работни кариери, рече Заев.

Заев пред студентите, професорите, деканите и ректорите на останатите универзитети истакна дека во изминатите 12 години на Универзитетот „Гоце Делчев“ поминале над 30.000 студенти.

-Иако зборуваме за сообразување на универзитетите со динамичните општествени промени во земјата и во светот, она што е константа е автономниот статус на универзитетите и слободата на истражувањето, како клучни принципи кои мора да се поддржуваат. Високата доверба во подготвеноста и способноста на универзитетите да постигнат најдобри можни истражувања и образовни програми соодветни на времето е очекувано и многу важно. Во таа насока Владата останува на определбите за јакнење на квалитетот на високото образование, напомена премиерот.

Според него, ова ќе се реализира со подобрување на акредитацијата и евалуацијата на високото обраозование, како и со заложби за поголема финансиска поддршка на високото образование.

Моментно во земјава има 57.000 студенти, а на штипскиот Универзитет активно студираат 8.500.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *