Многумина велат дека Македонија е најубавата земја на Балканот, затоа и се пишува дека Преспа, особено Долна Преспа е срцевината на таа македонска убавина. И не случајно, зашто на овие простори некогаш било седиштето на Самуиловата држава, а и на свети Климента. Првиот бил владетел на Македонија и на дел од светот, а вториот бил великан на православието, незаборавен и вечен духовник и црковен просветител. Ете зошто нивните потомци блеснуваат на хоризонтите на Македонците во Татковината и на македонската иселеничка галаксија, со харизма каква што можат да имаат само ѕвездите на македонското небо и на македонското Сонце.
Желбата на сите преспанци, без разлика каде живеат е Преспа да биде вечна за Македонците и добронамерниците, зашто Македонија е вечна. Таа постои уште од античко време, кога и била формирана големата и славна Македонска Империја на Филип и Александар Македонски. И, само во тоа древно време и денес во ова невреме, народот самостојно го носи името Македонец, македонски, од Македонија, македонскиот народ… Денес, Македонија е само продолжувач и негувач на тие корени и на славното македонско име. Македонија е библиска земја, а македонскиот народ е библиски и христијански, кој своето постоење и опстанокот низ историјата, најверојатно, му го должи, меѓу другото, и на празникот Илинден. Овој голем ден верската и национална симболика на македонскиот народ ја издигна до ниво на магија која го поврзува, независно дали се наоѓа во Македонија, Австралија, Европа, Канада, САД, Европската Унија или на други простори во светот.
Овој македонски празник е ден над деновите, симбол над симболите, магнет над магнетите. Илинден, тој величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода, е најголемиот празник од сите празници во Македонија. Илинден, Втори август е запишан со крупни позлатени букви во историјата на македонскиот народ, а особено во историјата на Преспа. На тој ден во 1903 година избувна Илинденското востание, а на истиот тој ден, односно на 2 август во 1944 година, Македонија се конституира во држава, за денес да имаме на дел од македонската земја, самостојна, демократска и независма држава-Република Македонија. Значаен дел од македонската земја е, секако, Долна Преспа. Таа е еден прекрасен крај на Македонија кој ги отвора широко портите и ги мами печалбарите да се вратат во своето родно место, на своето старо огниште… Голем број од тие „талкачи по светот” доаѓаат да се видат со своите најблиски, да го празнуваат Илинден на 2 август секоја година во прадедовската земја, во Долна Преспа. Инаку, во легендите, меѓу другото, стои дека по смртта на свети Климент Охридски, долгата и остра зима во 927 година, од Преспа направила бела снежна котлина, од која, според белите наноси – преслапи, произлегло и името Преспа. Со нивното топење подоцна се формирале езерата, првин Големото Преспанско Езеро, а потоа и другото – Малото Преспанско Езеро. Така започнале трансформациите на Долна Преспа во природен резерват, еден од позначајните на Балканот. Раскошните планински визури на Пелистер и Галичица, богатиот и редок растителен и животински свет и благородната клима од Долна Преспа направиле вистинско чудо на природата. Мајката природа на Долна Преспа ѝ подарила богатство на убавини и атрактивности. Во исто време, историјата ѝ оставила непроценливи траги од значајни настани. Затоа долнопреспанци каде и да се во родниот крај или надвор од него, се радуваат со сето тоа што го има во Долна Преспа, се гордеат и го чуваат ваквото богатство за идните генерации. Она што на Долна Преспа и на нејзината историја ѝ дава посебен белег е нејзиното богатство со културно-историски споменици, уште од времето кога била староримска крстосница и прва престолнина на цар Самоил. Македонските православни цркви и манастири градени во времето на свети Климент и свети Наум Охридски (IX и X век) и во времето на Самоиловото Царство во X и XI век, биле и се разурнувани од разни антимакедонски завојувачи, непријатели, затоа многу од нив биле обновувани, но, пак, уништувани за време на владеењето на Отоманската Империја и по поделбата на Македонија во 1912 година.
Кога се пишува за Долна Преспа секогаш се нагласува улогата на цар Самоил. Затоа, и овој пат ќе нагласиме дека македонските историчари го именуваат Самоил како македонски цар, истакнувајќи дека тој учествувал во бунтот на комитопулите 969 година (младите кнезови, синовите на кнезот Никола), кога била отфрлена бугарската врховна власт во Западна и Југозападна Македонија и биле поставени темелите на македонската средновековна држава, која по него е именувана како Самоилово Царство, најголема ранофеудална државна творба на Балканот. Во негово време македонската средновековна држава го достигнала врвот во својот развиток. Според историските документи Самоил учествувал во востанието на комитопулите против византиската власт во 976 година. Во почетокот владеел заедно со своите браќа Давид, Мојсеј и Арон, а по загинувањето на Давид и Мојсеј владеел заедно со брат му Арон, но по ликвидирањето на Арона, станал единствен владетел во државата во 986 година. Водел долга и исцрпувачка војна со византискиот император Василиј. Учествувал во сите позначајни битки и походи против Василија и далеку ги проширил границите на државата. Ги обединил под своја власт речиси сите македонски територии (освен Солун), освоил голем дел од Балканскиот Полуостров, Епир, Албанија, Далмација, Босна и Србија и поголем дел од Бугарија. Ги прифатил државно-правните традиции наПрвото бугарско царство и според некои извори се прогласил за цар, со круна што му ја испратил римскиот папа.Како формалноправен наследник на бугарските цареви, во изворите најчесто се именува како бугарски цар, а неговата држава како Бугарско Царство. Починал во Преспа од срцев удар, потресен од морничавата глетка кога ги видел своите ослепени војници што му ги испратил Василиј. Бил оженет со византиската благородничка Агата од Драч, со која имал четири ќерки и синот Гаврил Ратомир. Зачуван е неговиот натпис (992/3), во спомен на родителите и на братот Давид. На 28 јуни 2011 година на централниот плоштад во Скопје е поставен монументален мермерен споменик на Самоил. Кога се пишува за Долна Преспа треба да се нагласи дека неколку културно-историски споменици од XI до XVII век, се сочувани благодарение на нивната местоположба (оддалеченоста од комуникациите или локацијата во планинските региони). Такви се: „Света Петка“ од XIV век во Брајчино, „Свети Атанас“ и „Свети Архангел“ од XIV век во Долно Дупени, „Свети Петар“ од XIV век на островот Голем Град, и сливничкиот манастир „Света Богородица“ од почетокот на XVII век. Значајни споменици од минатото на Долна Преспа се и Кулата Сливница, Кулата Крани-Арвати, Кулата Штрбово и Кулата Љубојно. Вакви културно-историски знаменитости постојат и во деловите на Преспанската Котлина кои денес се наоѓаат во делови на етничка Македонија, во Република Грција и Република Албанија. Во оваа прилика треба да се нагласи дека не се памети кога населението ја има именувано котлината на Горна Преспа, Долна Преспа и Мала Преспа. Меѓутоа, запишано е дека Горна Преспа го зазема северниот дел, Долна Преспа јужниот, а Мала Преспа југозападниот дел на Преспа. Горна и Долна Преспа ги одделува ридот Веќе кај Претор, а Мала Преспа и Горна Преспа копнено се одделени со Пречна Планина. Делот на Долна Преспа, пак, со Малото Преспанско Езеро од Мала Преспа ги одделува планината Сува Гора. Според историските документи, по завршувањето на балканските војни Преспанската Котлина им припаѓала на Србија (Стара Југославија) и Грција (Елада). По една деценија Грција (Елада) ѝ ја отстапила Мала Преспа на Албанија, со што тромеѓето на овие три држави останало во водите на Големото Преспанско Езеро, во непосредна близина на островот Голем Град. Поделба на Преспа е направена и во текот на Втората светска војна. Градот Ресен и неколку села на Горна Преспа, биле под бугарска власт, додека целата Долна Преспа и Мала Преспа останале под италијанска власт. Тогашната граница меѓу фашистичките држави Бугарија и Италија се наоѓала на потегот од крстосницата „Макази” кон запад, меѓу селата Горно Дупени и Евла, сѐ до капитулацијата на Италија (1943 година) кога бугарската власт се проширила кон Долна Преспа и Мала Преспа. Во Преспанската Котлина постојат 74 населени места од кои 36 се протегаат во Горна Преспа во Општина Ресен. Меѓутоа, во Долна Преспа, во делот на Република Македонија има 8 села и тоа: Љубојно, како центар за Сливница, Арвати, Крани, Штрбово, Брајчино, Наколец и Долно Дупени. Во Долна Преспа во Грција (Елада) со центар во селото Герман има 18 села и тоа: Герман, Раби (Р‘би), Медово, Штрково, Опаа, Рудари, Папли (П‘пли), Оровник, Буковик, Лк (Л‘к), Дреново, Трново, Граждено, Орово, Дробитишта, Винени, Нивици и Аил (Ахил), како и 3 села во делот на Албанија: Заградец, Ракитско и Суец. .
Во Мала Преспа (во Албанија), пак, има 9 населени места и тоа: Пустец како опшински центар, потоа, Туминец, Горна Горица, Долна Горица, Глобочени, Шулин, Пустец, Леска, Зрновско и Церје.
|
casibom: casibom giris adresi – casibom guncel giris
casibom guncel
farmacia online barata: farmacia online barata y fiable – farmacia online barata
comprar viagra online en andorra: comprar viagra contrareembolso 48 horas – farmacia gibraltar online viagra
farmacia online envГo gratis: gran farmacia online – farmacia online barata y fiable
ventolin 500 mg: Buy Albuterol for nebulizer online – can you buy ventolin over the counter in australia
buy ventolin online usa: Ventolin inhaler price – buy ventolin online
canadapharmacyonline com: buying drugs from canada – canadian pharmacy cheap