Писмена реакција за интервјуто на Зоран Заев за МИА од Брисел

ЗАЕВ, ДИМИТРОВ, ШЕКЕРИНСКА И ПЕНДАРОВСКИ СЕ ПЛАШАТ ДА ИЗУСТАТ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК! ТОЛКУ Е ОЧИГЛЕДЕН СТРАВОТ ДА НЕ ИМ СЕ НАЛУТИ ГРЧКАТА ВЛАДА ШТО ПРОСТО Е НЕДОСТОИНСТВЕНО КОЛКУ СЕ ПОСВЕТЕНИ ВО ПОНИЖУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА!

 

Ајде Заев нека каже како топонимите Кукуш, Воден, Сер, Солун и останатите кои Грција насила ги смени после Букурешкиот договор, можат да бидат хеленска традиција? Како може било кој Македонец да се прави со сила будала и да тврди дека Македонскиот јазик кој го зборуваат нашите браќа и сестри во Егејска Македонија, е внатрешно прашање на Грција? Што ќе пишува сега во учебниците по историја? Зарем Гоце Делчев кој е роден во Кукуш ќе припаѓа на хеленизмот? Во која предизборна програма Заев го вети овој национален срам? Кој и даде мандат на немакедонската Влада да ја клекнува Татковината на колена? Како може било кој од изродите и понатаму без срам да тврди дека е зачуван Македонскиот идентитет кога секојдневно граѓаните се сведоци дека прифатиле дека ние сме нова, хибридна нација?

 

ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО АЛИЈАНСАТА Е ОДАМНА ЗАСЛУЖЕНО! АРМ СО ДЕЦЕНИИ УЧЕСТВУВА ВО СИТЕ МЕЃУНАРОДНИ МИРОВНИ МИСИИ! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ВО ТЕШКА ЗАБЛУДА КОГА ВЕРУВА ДЕКА ОВА МОЖЕ ДА БИДЕ ЛЕК ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!

 

САМО ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ЈА РАЗГНЕВУВАТЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА! ЌЕ СЕ ЧУДИТЕ НА РЕЗУЛТАТОТ НА СЛЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ! МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ЌЕ ПОБЕДИ И СИЛНО ЌЕ ЈА КАЗНИ ОВАА СРАМНА ЕПИЗОДА ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА!

 

МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА ЌЕ БИДЕ ВОЗОБНОВЕНА! МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СВЕТИ СИЛНО!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *