Костас Кацикис, пратеник на Независни Грци (АНЕЛ), десничарската партија, која е дел од Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјави дека партијата би можела да поддржи компромисно решение за спорот за името со Република Македонија.
– АНЕЛ ќе се приклучи кон одлуката на мнозинството. Ќе го почитуваме принципот на владеење на мнозинството, доколку мнозинството одлучи да оди против националниот интерес, изјави вчера Кацикис.
Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, во повеќе наврати во изминатите неколку недели нагласи дека нема да поддржи решение ако тоа го вклучува зборот „Македонија“.
Excellent content! The way you explained the topic is impressive. For further details, I recommend this link: EXPLORE FURTHER. What do you all think?