Прва седница на меѓувладината комисија за економска соработка на Северна Македонија и Бугарија, согласно Договорот за економска соработка меѓу владите од двете земји, ќе се одржи денеска во Скопје.
Со седницата ќе претседава министерот за економија Крешник Бектеши, а копретседавач е министерот за транспорт, ИТ и комуникации на Република Бугарија, Росен Жељазков.