Владата предводена од СДСМ останува посветена на реформите во јавната администрација што обезбедуваат отворени и услужни институции коишто работат во интерес на граѓаните.
Во таа насока е и отворањето на центарот „Една точка за услуги“ каде што за граѓаните ќе бидат достапни повеќе елетронски услуги и информаци на едно место.
Во новоотвроениот центар во Скопје граѓаните ќе можат да добиваат информации и услуги од Министерството за внатрешни работи,, Министерство за транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика, Управата за водење на матични книги, Агенција за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Централниот регистар.
На овој начин значително ќе се намали времето на чекање на граѓаните и се подобрува ефикасноста на институциите. По гСкопје, предвидено е отворање на валви центри и во другите градови во државата.
Системот „Една точка за услуги“ е дел од процесот на градење сервисен систем на јавни услуги и ефикасна јавна администрација, која во центарот на своето внимание ги има потребите на граѓаните и работи исклучиво во нивен интерес.