Продолжуваат активностите за отстранување дивопоставени времени објекти во Велес

Општина Велес продолжува со активностите за отстранување на дивопоставени времени објекти чија бројка според проценките на општинските служби изнесува 600.  Во текот на минатата година на потегот од општинската зграда до Комплекс Узус од вкупно 211 дивопоставени времени објекти сопствениците сами отстраниле 60 вакви објекти,

Како што информира за МИА, Билјана Шуркова Манаскова општински инспектор по екологија,60-те сопственици по укажување од општинските служби сами ги отстраниле, а за останатите се води псотапка за нивно присилно отстранување.

Градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски на прес-конференција информира дека активностите ќе продолжат не само во новиот дел од градот кај поранешниот СИЗ за становање, туку и во останатите делови од градот.

Поради тоа што дел од нив го нарушуваат изгледот на градот, градоначалникот Коцевски најави на нивно место да се спроведат зафати на нивно озеленување и со цел разубавување на градот.

-Имам дадено налог до надлежните служби во Општината, секаде каде што ќе видат налепница дека објектот се издава под кирија,а бидејќи согласно законот времен објект не може да се издава под кирија, да продолжат со активностите за негово отстранување.Воедно дел од времените објекти се празни и тоа е добра можност градот да го ослободиме од нив. Но имаме и реакции од сопствениците на објектите дека со нивно отстранување тие ќе останат без егзистенција и поради тоа треба да бидиме малку внимателни и за нив бараме решение, потенцира Коцевски.

Воедно најави дека планира   да следат  и соодветни одлуки на Советот на Општина Велес за изработка на типско идејно решение на времените објекти, а  кои со Закон ќе бидат дозволени да се постават во наредниот период .

– Тие треба да донесат  одлука за утврдување на локациите каде ќе можат да се постават овие типски објекти  и за кои намени ќе бидат за наредниот период, а  на што општинските служби  деновиве интензивно работат,појасни Коцевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *