Александар Македонски ги поттикнал научниците во унапредувањето и развојот на различни гранки во науката

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ГИ ПОТТИКНА НАУЧНИЦИТЕ ВО УНАПРЕДУВАЊЕТО И РАЗВОЈОТ НА РАЗЛИЧНИ ГРАНКИ ВО НАУКАТА

Нема место да се опишува колку беа унапредени и цветаа предметите на природните науки. Доволно е да се спомне дека за астрономското учење беше изградена опсерваторија и дека нов поттик и беше даден на медицината со дозволувањето на секцирање на човековото тело, со што важна научна дисциплина стана и анатомијата. Беа извршени и зоолошки изучувања во соодветните градини, во кои Филаделф без голем личен интерес собираше ретки примероци на егзотични животни.

Првите научници на времето работеа во Александрија: Ауклид математичарот, Херофил докторот, многустраниот Ератостен и многу други. Странските научници, исто така, беа во тесна врска со своите колеги од Александрија, како Архимед од Сиракуза, најталентираниот математичар и механички иноватор, астрономот Аристарх од Самос, кој веројатно беше од Александрија, и кој ја сфати хелиоцентричната идеја на Коперник дека Земјата се врти околу својата оска и околу Сонцето, идеја што тој не можеше со сигурност да ја докаже.

Иако овој почеток и развиток на различни гранки од науката беа само иницирани, треба да се сфати дека Александар Македонски преку своите учени луѓе обезбеди многу вреден материјал и значително ги поттикна научниците. Често се истакнува колку многу делото на Теофраст „За растенијата” се должи на Александар Македонски.

Проширувањето на географските хоризонти и коригирањето на поранешните карти од Александар Македонски беше од огромно значење за географијата. Новите факти што Александар Македонски и неговите наследници ги открија беа прифатени од Ератостен во неговата нова слика за Земјата во третиот век.

Во Александрија, имаше напредок не само науката, туку и поезијата и уметноста. Птолемејците правеа напори да ги привлечат во својот главен град и да ги задржат најславните поети и уметници од тоа време. Од поетите на Александрија посебно треба да се спомне Калимах од Кирена, кој се зафати со подготовка на научен каталог за библиотеката. Понекогаш исто така и Теокрит од Сиракуза остануваше таму и напиша некои од своите најубави идили.

AM2

Александрија

Обилноста со која Птолемејците ги наградуваа победниците во музичките натпреварувања и сјајот на нивните фестивали привлече поети, музичари и уметници од најразличен вид да дојдат во Александрија. Дијадохите ја презедоа од Александар идејата за организирање на игрите како инструмент за пропаганда на античката грчка култура на Исток. Александар Македонски во својот двор или во логорот во некои случаи ги организираше уметниците и музичарите кои ги носеше за натпреварување во сојузи под контрола на истакнати уметници.

Лесно е да се претпостави дека ова водеше кон формирање на постојани тела од уметници, кои во елинистичкиот период ја презедоа организацијата во музичката уметност. Надвор од нивната организација и за пари тие го ангажираа потребниот персонал, писатели, уметници (кои учествуваа во трагедии или комедии), музичари, (свирачи на лира, флејтисти и др.).

Овој распоред, кој беше многу важен за уметничкиот живот на иднината во времето на Александар Македонски, кој постепено го покриваше целиот простор на античката грчка култура, се должеше на својата оригиналност. Пластичната уметност беше развиена и се изведуваше и во времето на Птолемејците. Привлечноста што градовите им ја нудеа на уметниците само се зголемуваше. Тие ги украсуваа зградите, дворците и храмовите. Овде може да се спомне прекрасниот светилник, дело на Сострат од Книд.

Наспроти извонредните успешни напори на Птолемејците да ја направат Александрија центар на античката грчка култура, на прв поглед е тешко да се усогласи фактот дека во долината на Нил, надвор од сите поединечни спомнати очекувања, Птелемај не изгради антички грчки градови во Горен Египет. Многумина мислат дека тие немале намера да ја елинизираат земјата. Всушност, од политички или од економски причини, што само можат да се претпостават, тие се служат само со различни средства за да го рашират античкото грчкото население, a co тоа и античката грчка култура во својата земја.

Тие навистина направија многу за елинизацијата на своите воени единици, пополнувајќи ги главно со антички Македонци и антички Грци, бидејќи Египќаните во почетокот беа исклучени од служба во војската и директно беа контролирани од кралот. He ce градеа блиски населби. Според својата позиција, нивните атари им припаѓаа на градовите или на селата.

Античките Македонци и античките Грци беа широко распространети низ целата земја, понекогаш во поголем компактен број, како на почвата на Фајум што беше добиена со исушување на земјиштето. Но фчките војници не беа единствените жители на земјата. Античките трговци и занаетчии како што видовме на различен начин вработуваа и голем број од Египќаните, чиј број беше позначителен особено во поголемите градови на подрачјата.

Така, во овие градови, кои порано беа центри на египетскиот живот, се формираа антички грчки квартови во кои наскоро се гледаа надворешни знаци на античката грчката култура, терени за гимнастика, Tea-Tap и храмови на античките грчки богови. Дури и во селата, кои често беа опседнати од античките војници, повремено се создаваа гимнастички терени.

Најдобар доказ за ширењето на античката грчка култура во земјата се пронајдоците на литературните папируси растурени насекаде по земјата дури до првиот катаракт. Ако античките папирусни документи даваат претстава за ова ширење на античкиот јазик, остатоците на литературните папируси се многу позабележливи од гледиштето на културата. Тие покажуваат кој автор бил популарен и дека античката грчка литература се читала не само во големите градови, туку во извесна мера и во селата. Се разбира, во многу села египетскиот живот продолжи сосема неизменет.

AM3

Египет

Ова сместување заедно на античките Македонци и античките Грци, кои дојдоа од најразлични места на античкиот свет да живеат постојано еден до друг во градовите на Александар Македонски и на Селеукидите, како и во населбите во Египет, природно изврши големо влијание. Разликите на расите што во нивните земји беа силно изразени во јазикот и законот, религијата и обичаите требаше да се отстранат во овој случајно измешан свет.

Овој процес е највидлив во случајот со јазикот. Локалните дијалекти постепено исчезнуваа, а беше подготвен терен за заеднички јазик. Во еден папирусен документ од времето на Александар Македонски се дадени доризми и атицизми во тогаш предоминантниот јонски текст, додека во голем број документи од третиот век не се појавуваат вакви мешања на дијалекти или дијалектички форми. He e пронајдено ништо друго освен таканаречениот „заеднички говор”.

Резултатот на напредокот на културата во петтиот и четвртиот век доведе до тоа, атичкиот јазик, јонизиран во зборови и идиоми, да се смета небаре е универзален јазик на светот. Ширењето на атичкиот јазик беше под влијание на Филиповото усвојување, како што е означено, во неговиот врховен суд, а подоцна беше прифатен и од Александар Македонски. Наскоро заедничкиот говор беше употребуван и во литературата и преовладуваше во елинистичкото време се’ до почетокот на империјата кога беше истиснат од атицизмот.

Како дијалектите исчезнаа и различните погледи на законог во измешаното општество на новите населби. Луѓето не можеа веќе да ги имаат оние права што ги поседуваа во своите полиси. Законите еднакво ги обврзуваа сите граѓани, независно од кој предел дошле. Во законодавството на елинистичкото време се појави атичкиот закон.што веќе беше многу раширен од Делијанската лига. Секако, законите на Александрија, како што информира еден вреден папирус, потекнуваат од законите на Солон.

Освен тоа, придобивките од привилегиите на некои градови, како и докажаните права на други градови, доделени одвреме навреме од кралот во извесна мера придонесоа да има рамномерност во таа смисла. Постепено, наместо локални разлики, во законот како и во јазикот започнаа извесни обединувања. Разбирливо е што под императорите античкиот грчкиот закон често се задржа наспроти римскиот, а во извесна мера и влијаеше врз него.

Исто така и во религијата дојде до изедначување на локалните карактеристики преку врската на различни антички грчки населби. Решавачко беше што кралските основачи на градови по правило определуваа на кој бог треба да му се изгради храм, како што е забележано во случајот на Александар Македонски, на пример, кога ја основа Александрија во Египет. Според законите на градовите, граѓаните требаше да земат кралска заклетва.

AM4

Помпеовиот столб

Низ сите овие влијанија локалните разлики на населените луѓе се’ повеќе слабееја, а контрастите меѓу античките Македонците и античките Грците, кои се уште беа силни под Александар Македонски и неговите најблиски соработници, беа посмирени, иако веројатно никогаш не исчезнаа, делумно поради посебната воена привилегија што Македонците ја имаа са’ до римско време. Ако ова соединување на античкиот елемент, наместо претходната поделба, го поттикна елинизмот, тие сепак беа под влијание на ориенталците, кои ги проширија своите позиции со конфликтот на културите.

Прво и најважно дојде до израз нивната бројна супериорност. Нема точни податоци, но нема сомнение дека во сите антички грчки населби имаше големо мнозинство ориенталци. Во најголемиот развој на Египет, наспроти можеби седум милиони Египќани, немаше речиси ни милион антички Македонци и антички Грци. Во Азија, дури и по огромната колонизација   на  Селеукидите,   имаше   предели   каде   што немаше антички грчки градови, или имаше само неколку изолирани. Тоа беше само сосем тенок горен слој од античките Македонци и античките Грци што се проширија низ Египет и Азија. Наспроти гореспомнатите населени региони, нивните градови и населени места беа како острови што изникнуваа од големото море.

Продолжува

slavk 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *