Знамето пред Амбасадата на САД во Скопје е на половина копје за автобуската несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје – Тетово, во која животот го загубија 14 лица, а сочувство за настраданите изрази и американскиот амбасадор Џес Бејли.
– Длабоко сме во тага поради трагичната загуба на животи на автопатот Скопје-Тетово. Од името на Американската амбасада, упатуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите и до жителите на Гостивар. Нашите мисли и молитви се со повредените за нивно брзо опоравување, напиша амбасадорот Бејли на официјалниот твитер профилот на Амбасадата на САД.
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?