Писмена реакција за интервјуто на Зоран Заев за ТВ Н1

НИТУ ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ КОЈ ВИСТИНСКИ СИ ЈА САКА ТАТКОВИНАТА НЕ МОЖЕ СО РАДОСТ И НАСМЕВКИ ДА НАЈАВУВА ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ, ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ, АМБАСАДИ! КОЛКУ И ДА Е ПОЗИТИВНО ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО, ТОА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЛЕК ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! ЖАЛНО Е КОЛКУ НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ГО ПОТЦЕНУВА СОПСТВЕНИОТ НАРОД!

Граѓаните секојдневно сфаќаат колку предавства и зулуми во серија се направени врз Татковината. Срамни политички пазари го изгазија Уставот, законите, собранискиот деловник, владеењето на правото. Амнестии фрчат на сите страни, ДУИ повеќе од 17 години не стави Македонско знаме во партијата, ниту еден нивен припадник не понесе одговорност за злосторствата од 2001, спречува попис за да не им се сруши Рамковниот договор, ги понижува и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, сега со употребата на Албанскиот јазик и уцените за претстојните претседателски избори потврдува дека за нив никогаш Македонија нема да биде заедничка Татковина, туку плен со кој се гоштеваат.

КАКОВ ТРИУМФ СЛАВАТ ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА? ЗАРЕМ НЕКОЈ ОД НИВ ПОМИСЛУВА ДЕКА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ГИ НАГРАДАТ? НИТУ ЕДНА ВЛАДА ПРЕТХОДНО НЕ СЕ ОСМЕЛИ ДА МУ ГО СТОРИ ОВА НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД. ЗАТОА ИМ СЛЕДИ СООДВЕТЕН ОДГОВОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ! МАКЕДОНЦИТЕ ОД СЕКОГАШ ЗНАЕЛЕ И ЗНААТ КАКО ДА СЕ ИЗБОРАТ ЗА СВОЕТО! БОРБАТА ДОПРВА СЛЕДИ!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *