Писмена реакција за ставот на ДУИ

Вечните Али Ахмети и ДУИ го подигнаа влогот! Нивната уцена за консензуален Претседател сега добива друга, уште по опасна форма. Вчерашната нивна одлука е порака до Заев, Димитров и Шекеринска. Или ќе се согласат на консензуален кандидат или ДУИ ќе работи на пропаѓање на претседателските избори. Или нов срамен пазар на штета на Македонскиот народ или Талат Џафери ќе биде Претседател на Републиката, до нови Уставни измени и префрлување на изборот во Македонското Собрание. Логично е да се претпостави што се ќе му бара ДУИ на СДСМ за да ги повика своите гласачи да гласаат за нивниот кандидат во вториот изборен круг? До сега добија амнестија за Хашките случаи, узурпација на претседателската фотеља во Македонското Собрание, вметнување на Рамковниот договор како конститутивен елемент на Државата, нема попис додека не се исполнат нивните услови, функционерите на ДУИ не смеат да одговараат за ниту еден криминал, сега бараат и Претседателот на Републиката да биде по нивен терк!

 

МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ МОРА ДА СЕ ЗАШТИТАТ! ДЕВАЛВИРАЊЕТО НА ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКАТА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ! ОВИЕ ИЗБОРИ СЕ ПРЕСВРТНИЦА! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ СЕ СПРОТИСТАВИ НА СРАМНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ!

 

НАЈОДГОВОРНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ ТРЕБА КОНЕЧНО ДА РАЗБЕРАТ ДЕКА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ АЛБАНЦИ, ЗАЕДНО СО МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТАТКОВИНАТА И ШИРУМ СВЕТОТ ЌЕ ГЛАСААТ ЗА НАТПАРТИСКА ЛИЧНОСТ КОЈА НАВИСТИНА ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СИТЕ ГРАЃАНИ! ЧОВЕК, ЛИЧНОСТ, ПОЛИТИЧАР КОЈ НЕМА ДА ПРАВИ РАЗЛИКА ПО ЕТНИКУМ ИЛИ ВЕРА, ТУКУ ЌЕ СЕ ЖРТВУВА ЗА СИТЕ И ЗА ИДНИНАТА НА СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА. СЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ТРЕБА ДА ИМА УГЛЕД, ЧЕСТ, ПРОФЕСИОНАЛЕН УСПЕХ ЗАД СЕБЕ, ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН, ДОСТОИНСТВЕН, ДА СЕ ЗНАЕ КАКО СЕ БРАНИ ДРЖАВАТА И ДА НЕ ГИ ИЗНЕВЕРИ ОЧЕКУВАЊАТА!

 

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ЈА ДАДЕ ДОВЕРБАТА НА КАНДИДАТ КОЈ ДОСЕГА НЕ БИЛ ДЕЛ ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ПАЗАРЕЊА И НАЦИОНАЛНИ ПРЕДАВСТВА КОИ ЈА КЛЕКНАА ТАТКОВИНАТА НА КОЛЕНА!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                   Претседател,

                                                                                          МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА                          

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *