Во Киев политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Украина

Во Киев вчера се одржале политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Украина на кои присуствувале државниот секретар на македонското Министерството за надворешни работи Виктор Димовски и украинскиот заменик-министер за надворешни работи Васил Боднар.

Македонското Mинистерство за надворешни работи денеска соопшти дека Димовски и Боднар изразиле заемно задоволство од позитивниот тренд и динамиката на билатералните односи и го реафирмирале интересот за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и соработката во сите области од заемен интерес. Посебен акцент бил ставен на економската соработка и на претстојната средба на Мешовитiот комитет за спроведување на договорот за слободна трговија меѓу двете држави.

На средбата биле разменети мислења и за други актуелни теми од меѓународните односи, внатрешно политичките и економски состојби во двете земји, како и за актуелните регионални прашања. Украинската страна информирала за предизвиците со кои се соочува на безбедносен план, како и за тековните напори за нивно надминување.

Во рамки на политичките консултации е потпишан и План за консултации меѓу двете министерства за надворешни работи за периодот 2019-2020 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *