СТИПЕНДИЈА ОД МОК ЗА ОЛИМПИСКИ НОРМИ

Дванаесет спортисти потпишаа стипендиски договор со МОК, за добивање стипендија која ќе им помогне за остварување на што подобри резултати и постигнување на олимписки норми за Олимписките игри во Токио 2020 година. Во името на МОК договорите ги потпиша претседателот, д-р Васил Тупурковски.

Спортистите треба да достават до МОК развојна програма, во која ќе се опише планот на подготовки, натпревари и сл, со цел да дојдат до норма за заминување на ОИ.

Тројца од дванаесетте добија стипендија од 800 долари месечно, а останатите девет ќе добиваат по 625 долари.

По 800 долари ќе добиваат Дејан Георгиевски (Теквондо), Берат Јакупи (карате) и Емил Павлов (карате). По 625 долари секој месец на сметка ќе добиваат: Лина Ѓорческа (Тенис), Дарио Ивановски (атлетика), Абреша Реџепи (џудо), Нина Балабан (спортско стрелаштво), Наташа Стефановска (карате), Пулексенија Јовановска (карате), Евгениј Поп Ацев (пливање), Елмедин Сејфулау (борење) и Магомегдаџи Нуров (борење)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *